БЕНЗИНИТЕ СО НОВ РАСТ НА ЦЕНАТА - еве по колку ќе се купуваат горивата
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2020
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука зазголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 08.06.2020 година.
Одвечерва на полноќмалопродажната ценана бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажнитецени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се зголемуваат за 1,00 денар за литар и со тоа од вечерва на полноќ малопродажната цена ќе бидат следните :ЕУРОСУПЕР БС-98ќе изнесува61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 40,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НСсе зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.
Од 16.06.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 51,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 40,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,886 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 8,254%, кај дизелотзголемувањето е во просек за околу 6,666%, кај екстра лесното масло зголемувањетое во просек за околу 7,820% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,479% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 1,206%.
Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.