16 Мај, 2024
0.0279

Берба на јаболки во Нов Зеланд: Им недостигаат сезонски работници, дневница 150 евра!

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во Нов Зеланд наскоро почнува бербата на грозје, јаболки и киви а произведувачите и оваа година се соочуваат со проблемот од недостиг на сезонски работници.

„Се проценува дека оваа година ќе недостигаат 2000 сезонски работници додека во наредните години дефицитот на „сезонци“ може да се зголеми.

Водечките новозеландски произведувачи на јаболка во „Hawke’s Bay“ предвидуваат дека во оваа сезона ќе се наберат 19,5 милиони кутии , вредни околу 700 милиони долари (418 милиони евра).

Овоштарите се жалат дека бројот на сезонски работници никогаш не бил помал во последните пет години, а проблемот во наредните години би можел да се зголеми.

„Секоја година произведуваме се повеќе јаболки и очекуваме дека до 2022 година бербата ќе достигне вредност од 1 милијарда долари. Владата мора да направи повеќе напори за да привлече повеќе сезонски работници, било зголемување на дневницата или зголемување на квотата на мигранти“, смета Росс Ховард од фирмата „Fresh Harvest“ која вработува илјадници сезонски работници.

„Се обидуваме да најдеме што повеќе луѓе, мештани, мигранти, оние со туристичка виза“, вели Крег Тренеман, менаџер во фирмата „Bostock“, најголем извозник на органски јаболки.

„Мислевме дека ќе најдеме доволно луѓе. Платата е добра. Најдобрите берачи може да заработат и до 250$ (150 EUR) за девет часа работа“, додава тој.

Jerf van Beek од националната служба за вработување очекува дека во оваа сезона ќе бидат потребни 50 000 берачи на овошки, и дека произведувачите ќе останат со недостиг од најмалку 2000 сезонци.

„Бербата на овошки е навистина голема работа и ние сме загрижени дека нема да има доволно работници“, вели Jerf van Beek.

Според неговото мислење, недостатокот на сезонски работници најмногу ќе го почуствуваат самите берачи кои ќе мора да работат шест или дури сите седум дена во неделата за да бербата биде успешна.

(Доколку мислите дека оваа информација е лажна отворете ја оригиналната ТУКА или ТУКА  и сами уверете се дека ја пренесуваме онака како што е)

Прочитајте и за овие статии:

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/16/rabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu/" target="blank" ] Работа и живот во Нов Зеланд? Зошто да не! – Како најлесно да најдете работа таму![/button]

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/30/znaete-li-koi-se-tipovi-na-viza-postojat-za-nov-zeland-ako-ne-znaete-prochitajte/" target="blank" ]Знаете ли кои се типови на виза постојат за Нов Зеланд? Ако не знаете, прочитајте![/button]

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“