29 Септември, 2024
0.0256

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: „Гранит“ со нова рекордна годишна цена, „Комерцијална“ за една секунда направи промет од 88.100 евра

Објавено во: Анализа 06 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ забележа двојно поголем промет во последната недела во споредба со претходната и достигна до ценовата маргина од 4.600 денари за акција Акцијата на „Комерцијална банка“ повторно со најголем неделен промет, „Гранит“ постави нова највисока годишна цена, „Алкалоид“ се приближи до највисоката годишна цена. „Макпетрол“ држи кондиција и повторно и во последната трговска недела се наоѓа во акциите со промет поголем од еден милион денари заедно со „Скопски пазар“, „Фершпед“ и ЗК „Пелагонија“. „Комерцијална банка“ и оваа недела како и минатата беше најтргувана акција според постигнатиот промет. Нејзиниот промет е 11,76 милиони денари што е 2,3 милиони денари поголем промет од минатата недела. Акцијата е во фокус на инвеститорите и бележи ценовен раст од 46 денари од почетокот до крајот на неделата тргувајќи се во маргина од 2.134 до 2.180 денари за акција. Вкупно беа истргувани 5.390 акции. Во оваа прилика мора да се истакне дека, исто како и минатата недела и оваа, во четвртокот се повтори во иста секунда да бидат истргувани 2.470 акции на банката по единствена цена од 2.197 денари за акција и тоа секоја од 19 трансакции имаше по 130 акции. Слично нешто, за кое веќе пишувавме, се случи и минатата недела на Официјалниот пазар. Може да се претпоставува дека станува збор за однапред договорени трансакции помеѓу продавач или продавачи на продажбата страна и на купувач или купувачи на страната на побарувачката. За споредба со истиот модел претходната недела беа истргувани 4.200 акции. „Гранит“ и оваа седмица втор пат во низа беше „акција на бикот“. Таа отвори пазар во понеделник со цена од 451 денар, а во петокот затвори тргување на 502 денари што беше и највисока неделна, но и највисока годишна цена на таа акција. Прометот е 1,17 милиони денари и е на половина од прометот што беше остварен претходната недела. Веројатно „Гранит“ во неделата што е предмет на оваа анализа влезе во својот зенит и многу е веројатно дека во неделава што е пред нас ќе се очекува борба меѓу двете страни за одржување на ова ценовно ниво. „Алкалоид“ во неделава што измина оствари промет од 6,26 милиони денари и се приближи на „Комерцијална банка“ и значајно се одвои од другите акции на пазарот според нивото на остварен промет. Акцијата достигна цена од 4.600 денари што е само за 100 денари пониско од највисоката годишна цена. Очекуваме во овој период кој е близу до објавата на резултатите од третиот квартал „Алкалоид“ да се тргува околу маргината од 4.500 денари за акција. Таа акција затвори неделно тргување на 4.508 денари, а во понеделникот стартуваше со цена од 4.420 денари. Беа истргувани 1.398 акции, а прометот со „Алкалоид“ во последната недела е двојно повисок од реализацијата во претходната седмица. Трите досега анализирани акции беа најтргувани, а воедно и единствени што се тргуваа во сите 5 трговски дена на нашиот пазар на капитал. Во групата најтргувани акции, тие што имаат промет повисок од еден милион денари, беа уште и „Макпетрол“ со 2,18 милиони денари за 97 акции тргувани во 4 дена во ценовна маргина од 21.00 со 22.500 денари за акција. Истргувани се и 30 акции на „Фершпед“ и таа акција по подолго време е во групата најтргувани. Прометот е 1,64 милиони денари постигнат за два дена, а последната цена е 54.500 денари. „Реплек“ и неделава е интересен за инвеститорите. Прометот е 1,22 милиони денари за 23 акции во два дена. Ценовната маргина е 500 денари од 53.000вденари до 53.500. Големата малопродажна компанија „Скопски пазар“ влезе во милионерите со реализација од 1,4 милиони денари за 174 акции во 4 дена во ценовна маргина од 8.100 до 8.160 денари. Во групата се најде и ЗК Пелагонија по само еден ден тргување ао промет од 1,18 милиони денари за 456 акции по цена од 2.450 денари. Значајно за одблежување тргување имаше и обврзницата за денационализација од 13 емисија со промет од речиси 5 милиони денари. На сегментот Задолжителна котација најтргувана беше акцијата на НЛБ Тутунска банка со промет од 2,3 милиони денари и тргување во четири дена, а втора беше акцијата на Телеком со промет од 1 милион денари и тргување во пет дена. Р.Ф.