19 Декември, 2025
0.0474

Берзанска револуција

Објавено во: Економија 04 Април, 2016 10:10

Добивај вести на Viber

Каков месец, каков пресврт! Пред повеќе од месец дена, во една од нашите статии нагласивме дека тековната вредност на акциските пазари е драстично пониска во однос на она што го прикажуваат показателите за глобалната економија. Тоа очигледно го забележале и други софистицирани инвеститори, паакциите кои беа на распродажба, набрзо се разграбаа. Историски погледнато, поместувањата од ваков интензитет се случуваат релативно ретко, па токму затоа, за оние кои ја искористија приликата може да се каже дека добро се омрсија.

И така, во последните месец дена, разумните вложувачи имаа можност да заработат повеќе од 12%,само од растот на водечките американски и глобални индекси. Оние пак посмелите, кои вложија во компании од секторите „Суровини“ и „Енергија“ или во компании од пазарите во развој како Бразил и Русија, „ќарија“ уште повеќе. Цените на железната руда и нафтата се зголемија за речиси половина од нивните најниски вредности, па како резултат на тоа поризичните акции од овие сектори пораснаа за по 100 проценти, некои и повеќе. Пружината може да се притиска до одредена граница. Кога притисокот ќе престане, таа отскокнува кон својата природна положба. Истиот принцип важи и за цените на акциите.

Како и да е, да не жалиме премногу по пропуштеното, туку да погледнеме малку напред. Главната претпоставка дека оваа година ќе биде исклучително нестабилна, останува непроменета. Затоа би било разумно, по ваков силен раст на индексите, портфолиото благо да се избалансира, како и да се тргне малку кеш на страна, за оние периоди во кои цените повторно ќе паднат, па ќе посакаме да сме немале ниту една акција во портфолиото. Тие времиња може многу брзо да дојдат. Ние лично сметаме дека дното на пазарот на суровини е достигнато, меѓутоа и прогнозираме дека опоравувањето ќе биде бавно, со оглед на пазарните динамики во последниот месец кои покажаа дека доближувањето на побарувачката кон тековната понуда ќе биде долготраен процес. Бидејќи во оваа игра се вклучуваат сè повеќе шпекулативни играчи со туѓи или позајмени пари (хеџ или алтернативни фондови, инвестициски банки и сл.), кои прават сè поголеми и поразуздани облози, моменталната слика е нејасна, па поради тоа движења во обете насоки не се исклучени. Катализатор на растечката нестабилност се и евтините пари, земајќи го предвид фактот дека централните банки продолжуваат со намалувањето на каматните стапки. Дури и федералните резерви на САД на последната средба најавија само две покачувања на каматните стапки за годинава. Меѓутоа, годината е долга, па тие две најавени покачувања лесно може да се претворат во едно или дури ниедно. Од поновата историја можеме да заклучиме дека секој нареден потег на централните банкие многу тежок за предвидување.

Од 11 април започнува новата сезона на објави на резултатите за првиот квартал од 2016 година. Резултатите би требало да бидат солидни и малку подобри од очекуваните, па поради тоа важна улога ќе игра и еден друг ефект. Имено, во деновите пред јавната објава на резултатите, компаниите влегуваат во еден таканаречен „тивок период“, во кој се стопира откупот на сопствени акции, со цел да им сеовозможи рамноправен третман на останатите инвеститори. Земајќи ги предвид анализите од изминатите години кои покажуваат дека голем дел од остварениот раст на акциите се припишува токму на билионскиот откуп на сопствени акции од страна на големите глобални корпорации, секое прекратување на овој процес може да доведе до одредена несигурност на пазарите.Последната февруарска корекција беше токму во средината на сезоната на објава на резултатите од претходниот период. Се разбира, прекинот во откупот на сопствени акции сам по себе не предизвикува негативни корекции, но би можел да го засили нивниот ефект. Поради тоа, мала доза на претпазливост не е на одмет.

Уште еден важен датум брзо наближува. Тоа е 23 јуни, денот на британскиот референдум за повлекување од Европската Унија или популарно наречениот Brexit. Колку поблиску сме до него, толку поголема ќе биде нестабилноста на пазарите. За можните последици кои би ги предизвикале резултатите од референдумот ќе анализираме во некоја од нашите следни статии. Секако, годинава нема воопшто да ни недостасуваат настани кои би предизвикале високо ниво на несигурност и со тоа нестабилност на берзанските индекси. Меѓутоа, како што кажавме на почетокот, вреди да се користат приликите и од дадена ситуација да се извлече максимумот.

КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар