19 Декември, 2025
0.0710

Берзите продолжуваат да не му веруваат на европскиот банкарски сектор

Објавено во: Економија 03 Август, 2016 18:06

Добивај вести на Viber

За една година европските банки загубиле 560 милијарди долари од својата капитализација.

Декларираните (29-ти јули) резултати од последните стрес тест на ЕЦБ станаа катализатор за нови распродажби, откако само 2 од 51 банки го покрија стандардот tier 1 - т.н.. капитална адекватност.

Индексот „STOXX Europe 600 Bank“ од јули 2015 година се намалил за 40%, а банките имаат изгубено 560 милијарди долари капитализација.

Тоа е повеќе отколку капитализација на целата италијанска берза, пишува Bloomberg.

Од почетокот на годината акциите на Credit Suisse се поевтини за 51%, а на Deutsche Bank и Commerzbank - со 45%. Две третини од најголемите европски банки загубиле над 20% од пазарната вредност оваа година.

На почетокот на оваа недела акциите на Deutsche Bank и Commerzbank удрија во ново дно. „Несакам да го кажам тоа, но ако индексот се намали уште, тоа ќе биде Армагедон за банките“, коментира шефот на одделот за работа со европски акции на Svenska Handelsbanken Џо Трејси.

Поради падот на капитализација на Deutsche Bank и Credit Suisse беа исклучени од индексот STOXX Europe 50. Овој индекс се формира исклучиво од капитализација: ако таа два месеци по ред е пониска од 75-то место меѓу компаниите на земјата, компанијата се исклучува. Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави во интервју за CNBC дека проблемот на Monte Paschi е решен, бидејќи банката ќе привлече 5 милијарди евра капитал од странски инвеститори на чело со JPMorgan и ќе ги пренесе во балансот на специјалниот фонд над 25 милијарди евра проблематични кредити за продажба . „За прв пат Monte Paschi нема лоши кредити и тоа е конечно. Ми се чини дека најдобар начин да се реши проблемот со нив е растот. Тоа е мојата приоритетна задача, мојот сон и кошмар. Секој ден размислувам за тоа“, истакна Ренци. Инвеститорите имаат друга гледна точка. Вчера акциите на Monte Paschi поевтинија со 16,1%, на Unicredit - со 7,2%, на UBI Banca - со над 7%. „Луѓето гледаат на Monte Paschi и си мислат дека ако тоа сега е фер цена, тогаш и други италијански банки, кои се сметаат за доверливи и успешно ги поминале стрес тестовите ќе треба капитал“, изјави за Financial Times  управителот на Schroders Џејмс Сим.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?