Добивај вести на Viber
Отпочна процедурата за формирање на нов политички субјект во албанскиот блок во Македонија. Партијата БЕСА најавува дека, исто како и ДПА и ДУИ, ќе им се обраќа главно на македонските граѓани со албанско етничко потекло.
Ќе се залагаат за Македонија еднаква за сите граѓани, без оглед на националноста, етничката припадност или религијата. Главна заложба на движењето е коплетно ново политичко и општествено уредување на државата, бидејќи постоечкото не ги задоволувало правата на Албанците кои биле дискриминирани во многу сфери.
„Досега, не само Рамковниот договор, туку и претходните уредувања на Македонија беа донесени во војна. Треба да седнеме и да сфатиме што поматаму со оваа држава бидејќи вака веќе не оди’, вели Биљал Касами, член на Иницијативниот одбор за формирање на БЕСА.
Притоа како оипција го исклучуваат федералното уредување, туку се залагаат за граѓански концепт во кој сите етнички заедници би биле рамноправни.
За актуелната состојба во државата од новата партија ги обвинуваат постоечките политички субјекти во албанскиот блок, кои „иако се дел од власта, практично немаат власт“.