19 Декември, 2025
0.0401

БЕШЕ КЛУЧЕН СВЕДОК: Ненадејно почина руски генерал

Објавено во: Свет 09 Јули, 2024 17:40

Добивај вести на Viber

Ненадејно почина руски генерал, кој бил клучен сведок во познатиот корупциски скандал во Кремљ. 

Станува збор за Магомед Хандаев (61) познат уште и како Генералот на рускиот претседател Владимир Путин, кој бил клучен сведок во големиот корупциски скандал што го зафати руското Министерство за одбрана. Неговото тело е пренесено од Москва во неговиот роден Дагестан каде треба да биде погребан. Приведени се и поранешните соработници на Хандаев.

Тој беше началник на Дирекцијата за државни експертизи на руското Министерство за одбрана. Беше подреден на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов (48), кој беше уапсен под сомнение за корупциски шеми вредни 9 милиони фунти и останува во притвор.

Хандаев се сметаше за важен сведок во корупцискиот скандал што го погоди Министерството за одбрана. Неговата смрт е последната во низата необјаснети смртни случаи на водечки руски личности од почетокот на војната во Украина.

Претходно беше генерален директор на Главната дирекција за специјална градба.

Имал голем број државни одликувања, меѓу кои и Орденот на Александар Невски. Новинската агенција „Компромат груп“ објави дека Хандаев имал „блиски врски со високи функционери чии активности неодамна го привлекле вниманието на агенциите за спроведување на законот“. Откако почна руската инвазија на Украина пред повеќе од две години, повеќе критичари на Путин починаа под сомнителни околности. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела