28 Ноември, 2024
0.4663

Бесими: Граѓанската обврзница во време на релативно висока инфлација ја штити вредноста на парите

Објавено во: Економија 05 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Граѓанската обврзница е иновативен производ на домашниот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Тој е транспарентен и нуди можност на граѓаните во овој период, кога имаме висока инфлација, да инвестираат во безризична инвестиција со прилично добри приноси.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Тема на денот, на ТВ Сител во која потенцира дека постапката за купување на обврзниците е едноставна и граѓаните може да ја направат во сите деловни банки со средства кои ги имаат на сметките или со готовина.

„Станува збор за иновативен производ на нашиот финансиски пазар, наменет пред се за граѓаните и е во нивен интерес. Прво во време на релативно висока инфлација ја штити вредноста на парите, во смисла на тоа што ќе носи поволни приноси. Безиризична инвестиција, бидејќи ќе може да го прошират инвестициското портфолио освен во депозити во банка и акции, и во државни обврзници и да тргуваат со нив, зависно од потребите на секундарен пазар, односно на Берзата или преку шалтерите на банките. Тоа ќе биде една можност за граѓаните да се внесат на одреден начин во разојот на финансиските пазари, бидејќи ќе можат да купуваат покрај со своите средства во банка и со готовина што ќе придонесе кон намалување на сивата економија. Односно она што се заштеди надвор од системот ќе влезат во банкарскиот систем и ќе го поттикнат развојот. Граѓаните, исто така ќе бидат и дел од развојните проекти на државата, односно ќе партиципираат во финасирањето на развојните проекти“, рече министерот и додаде дека во граѓанската обврзница може да инвестираат сите граѓани, кои се државјани на РС Македонија, а тоа значи и нашите граѓани од дијаспората.

Потенцира дека постапката за купување е многу едноставна и дека се врши преку шалтерите во банките, како и за сите други услуги што се нудат. Во процесот се вклучени сите банки, а граѓаните може да се обратат во период од 9 до 14 часот, до 12 јули, бидејќи на 13 јули ќе се одржи аукцијата, по што за неколку дена ќе се изврши регистрирањето во Депозитарот на хартии од вредност.

Министерот наведе дека за своите купени обврзници, граѓаните ќе добијат камата од 5 % годишно, која ќе биде исплатена на 20 јули 2024 за првата година и на 20 јули 2025 година за втората година, по што ќе им биде вратен и целиот инвестиран износ. Односно, на крајот ги добиваат инвестираните пари и остварениот принос од камата.

Ова е прва емисија, која е издадена на вредност од 600 милиони денари, но, како што најави министерот, ќе бидат запишани обврзници на целиот износ за кој ќе има интерес. Граѓанската обврзница како инструмент ќе се нуди на пазарот во континуитет и граѓаните може да сметаат дека и во иднина ќе може да инвестираат во него.

Според министерот тие нема да имаат влијание врз депозитите што граѓаните ги чуваат во банките и дека станува збор за транспарентен процес. „За купувањето на граѓанската обврзница ќе се применуваат сите прописи и процедура за контрола што веќе ги имаат банките и нема нови поволности за овој инструмент од она што се стандарди за спречување перење пари“, истакна министерот, потенцирајќи дека овој инструмент е имун на политички изјави и дека тој е во интерес на граѓаните.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали