БЕСИМИ КАЖА ЗОШТО НА ВЛАДАТА И БИЛ ПОТРЕБЕН КРЕДИТОТ ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ШПАРКАСЕ - ќе се премостува времето до поевтина еврообврзница
Објавено во: Финансии 30 Август, 2022 16:26
Министерот Фатмир Бесими денеска објасни зошто Владата зема краткорочен кредит од Шпаркасе банка на износ од 50 милиони евра, за кој уште утрово ексклузивно објави Фактор.
Имено, од потребните 900 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит годинава, Владата на овој начин успева да обезбеди 50 милиони евра. Бесими потврди дека е земен кредит во вредност од 50 милиони евра од Шпаркасе банка, со камата од 2,2 отсто. Според првиот финансиер, условите за издавање еврообврзница сега не се поволни поради високите камати. Состојбата ќе се следи до крајот на годината, а дотогаш ќе се бараат други начини за да се обезбедат потребните пари.
„Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница, бидејќи каматите во моментов се многу високи, 7,5 отсто беа во мај и јуни. Сега е 6 отсто каматата, но чекаме поволен период за да ја издадеме“, вели Бесими.
Според Бесими, Владата работела да обезбеди поповолни услови.
„Ова го работиме неколку месеци и така дојдовме до овие 50 милиони. Ова задолжување се користи за буџетски тековни трошоци. Парите ние ги земаме во трезори и ние сега гледаме каква ни е позицијата на расходна страна“, рече Бесими.
Владата ќе го отплаќа овој кредит 12 месеци. Спроед првиот човек на финансии ваквиот начин на краткорочно задолжување може да се случува и до крајот на годината, ако не се создадат поволни услови за ееврообврзница.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари
ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?
Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили
„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра




