„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието
Објавено во: Финансии 09 Декември, 2025 11:42
Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет/.
Ова го истакна денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во Собранието на расправата по Дополнетиот предлог буџет.
Според неа, со буџетот се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата.
Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.
Димитриеска Кочоска пред пратениците рече дека очекува аргументирана и конструктивна расправа насочена кон најдоброто решение.
Според неа, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.
Во време на глобални неизвесности, посочи министеркатам остануваме на патот на фискална стабилност и предвидливост. Покажавме дека може рационално да се управува со јавните финансии, а истовремено да се обезбеди сигурност за граѓаните, компаниите и институциите. Буџетот за 2026 година е потврда дека економските политики ги водиме со внимание, одговорност и стратегија – без импровизации, без популизам и без краткорочни калкулации. Со овој документ продолжуваме да ја зајакнуваме довербата во институциите, да го поддржуваме приватниот сектор како двигател на растот и да градиме услови за уште посилна динамика на инвестициите – домашни и странски, рече Димитриеска Кочоска.
Во тек на расправата за буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет од околу 200 амандмани беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за: кадровско зајакнување на Оперативно-техничката агенција, реконструкција и проширување на натпатникот на патниот правец Штип–Чардаклија, отворање три психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош со комплети за прва помош и кислородни боци и реконструкција и внатрешно уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.
На почетокот на седницата на Собранието, парламентарното мнозинство прифати по скратена постапка да се донесат Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите по скратена постапка.
Во тек е експозето на министерката за финансии по Дополнетиот предлог буџет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра
МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години
Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?
ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител
ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија
Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно





