23 Јануари, 2025
0.0270

Бесими: Мора да ги надминеме препреките за трајно решение за набавка на лекови за ретки заболувања

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Мора да се фокусираме да надминеме секакви евентуални бирократски или други препреки за да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостување на ТВ Сител, Бесими рече дека секогаш кога се потребни пари за нешто се посочува на Министерството за финансии, но, потенцира, дека улогата на Министерството е во текот на креирањето на Буџетот да се каже рамката - колку пари има на располагање, колку ќе бидат приходите и како ќе се распределат.

-Проблемот со набавка на лекови за ретки болести е од поодамна. За последниот случај имаше заклучок на Влада, имаше состаноци за да се реши проблемот, се најде решение, се донесе одлука на Влада дека ќе се излезе во пресрет и вчера се донесе одлука тоа да се реализира најбрзо што може, рече Бесими.

Како ќе се распредели лекот останува на лекарите да решат, рече Бесими.

- Јас не сум стручен ниту имам право да кажам што, како и на кого. Тоа го прават стручни лица во овој случај лекари. Треба да се најде трајно решение и за други случаи што може да се случат денес, утре, задутре. Како општество треба да се бориме секојдневно, но на ниво на стручни лица, потенцира Бесими. 

Владата вчера преку Фондот за здравствено осигурување обезбеди 2,2 милиони евра за набавка на лекот „трикафта“ за најкритично болните од „цистична фиброза“, откако претходно почина 45-годишниот битолчанец Благојче Илијевски кај кого состојбата беше најкритична. Во земјава има околу 130 лица болни од „цистична фиброза“.

МИА

Можеби ќе ве интересира

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“