18 Декември, 2025
0.2916

Бесими: Следната година физибилити студија за патот Тетово - Призрен

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2023 13:13

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Фатмир Бесими, коментирајќи го буџетот за 2024 во својата последна колумна, уверува дека се за што ќе се задолжи земјата иднината година, тоа ќе биде за капитални инвестиции.

„Планирани се значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на Коридор 8, односно проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа–Струга–Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани, и на Коридорот 10 д, изведба на делницата Прилеп–Битола и физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен. Планирано е да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка и до границата со Бугарија, како и западниот дел, делницата Кичево-Букојчани. Проектирани се средства и за автопатот Скопје-Блаце. 

Продолжува изградбата и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, како и заеднички железнички граничен премин со Србија. Во буџетот се проектирани средства и за голем број други капитални проекти во делот на комуналната инфраструктура и управување со отпад, енергетска ефикасност, уредување на технолошко индустриските развојни зони, здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот, земјоделскиот сектор, како и за Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помош, како дел од концептот на SMART Finance“, објави Бесими.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4 отсто од БДП, а Бесими в година очекува силен инвестициски циклус.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа