Добивај вести на Viber
Бесплатни елаборати ќе добијат семејствата коишто ги пропуштија роковите, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски на својот Фeјсбук профил.
При теренските посети во радовишко Ораовица, граѓаните кажале дека својот имот не може да го запишат во катастар и да стекнат имотен лист и легална сопственост поради потребата за изработка на елаборати кој инаку не се бесплатни.
Груевски вели дека постапката е предвидено да биде многу едноставна, граѓаните кои поседуваат ваква градежно-техничка документација ќе треба да се обратат во едно од 30 -те подрачни одделенија на катастарот, каде што ќе треба да пополнат барање и остават контакт телефон. Потоа екипи од катастарот ќе излезат на лице место, ќе направат премер на објектот и ќе изготват бесплатен геодетски елаборат кој заедно со градежнотехничката документација ќе биде основ за запишување на правото на сопственост на објектот и добивање на имотен лист за истиот.
„Наредно што престои е по овие измени да одлучи Собранието. Очекувам да го усвои овој закон и да придонесе во остварување на интересот на граѓаните. Оваа можност ќе значи заштеда за буџетите на граѓаните. Продолжуваме да работиме на реализација на барањата и да придонесуваме за доброто на сите граѓани. Тоа се домаќинства кои ја пропуштија можноста која беше достапна до 2012 година, целокупната градежно-техничка документација кои ја поседуваат за своите изградени објекти да ја достават до катастарот со цел покрај парцелите во катастарот бесплатно да се запишат и објектите“ - напиша Груевски.
Проценките се дека 5 000 домаќинства кои поседувале градежно-техничка документација во тој период, поради различни причини не ја искористиле можноста за бесплатен премер на нивниот објект и бесплатно запишување во катастарот на недвижности.