Добивај вести на Viber
Општина Кисела Вода, во соработка со Центарот за жени претприемачи, следнитe неколку месеци ќе го реализираат проектот за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и информатичка технологија за да им помогне на оние кои бараат вработување или сакаат да започнат сопствен бизнис.
Со овој проект ќе бидат опфатени жените и младите лица до 40 години. Проектот ќе се реализира преку циклус обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ, организирани од експерти од овие области.
Општина за проектот дава 200 илјади денари, а реализатор е Фондацијата „Центар за жени – претприемачи” од Скопје.