Добивај вести на Viber
Денеска директорка на Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, Маргарита Бакев со прес-конференција информираше дека од први месецов се доделени повеќе од 120 семејни пакети за бесплатно паркирање на семејствата кои живеат во оваа општината и кои имаат едно до три возила. Поделени биле и 400 карти за гостите на тие семејства.
Со цел да потврдат дека е навистина бесплатно, од јавното претпријатие договорија неколку станари кои ќе даваат изјави за медиумите.
„ЈП Паркинзи на општина Центар вчера стапи во контакт со корисници кои веќе ги користеле услугите и денес дел од нив повикавме тука се со цел да ја информираат јавноста дека веќе се користат услугите. Не се работи за првоаприлска шега, туку реално функционира и на граѓаните им се допаѓаат поволностите“, изјави директорката.