05 Декември, 2025
0.0447

Бетон ќе гради нов подземен паркинг под платото на МНТ

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013 10:46

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бетон“ Скопје ќе работи на проширување на подземниот паркинг под платото на Македонската опера и балет (МНТ), како и на проширување на булеварот Христијан Тодоровски Карпош од ул. Џон Кенеди до ул. Романија. Според известувањата на градежната компанија, објавени на Македонската берза, Бетон склучила договор со Владата на РМ за изведување на градежни и градежно-занатски работи за изградба на подземно паркиралиште на локација Мал Ринг Скопје. Вкупната вредност на овој договор со вклучен ДДВ изнесува 572 милиони денари (9,3 милиони евра) Станува збор за подземна гаража на две нивоа, која е во рамките на проектот „Скопје 2014, под платото кај објектот на Македонската опера и балет, со што постоечкиот подземен паркинг ќе се прошири со нови над 350 паркинг места. Објектот ќе се изведува на градежна парцела со големина од 10.885 метри квадратни, а бруто развиената површина на идната гаража изнесува 21.770 метри квадратни. Со урбанистичкиот план е предвидено сообраќајниот пристап да биде олеснет и со новопроектирана подземна улица, која ќе се почнува од булеварот Гоце Делчев и ќе минува под постоечкиот празен простор меѓу објектот на Македонската филхармонија во изградба и музичко–балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“. Исто така, компанијата извести дека склучила и договор со Град Скопје за реконструкција и проширување на булеварот Христијан Тодоровски Карпош од ул. Џон Кенеди до ул. Рокомија. Вкупната вредност на овој договор со вклучен ДДВ изнесува 61 милион денари (99 илјади евра). „Бетон“, исто така, извести дека за кредитни линии по револвинг принцип, земени од „Стопанска банка, Скопје“, а со вкупна вредност од 26,6 милиони евра, има склучено договор за хипотека, договори за регистриран залог врз подвижни предмети и побарување (не е наведено на која сума), а има дадено и изјави за уредување права и обврски на меници

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип