23 Ноември, 2024
0.0335

„БЕТОН“ СКОПЈЕ СО ДРАМАТИЧНА ОБЈАВА ДО КРЕДИТОРИТЕ - Оваа година ни е најтешка, државните институции се нефер кон нас, но можеме да ги вратиме сите пари што ги должиме

Објавено во: Економија 31 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Градежната компанија Бетон која се соочува со големи проблеми во последниов период, преку ценовно чувствителна информација на Берзата ја информира инвеститорската јавност дека таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај, како што велат, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

Бетон во својата објава признава дека оваа 2022 година е несомнено најтешката година од нивното постоење.

Велат дека тие имале план за санација на компанијата, но тој не се успеал да се реализира поради, како што тврдат, спротивно на закон постапување на Јавното обвинителство.

„После објавувањето  на загубите од работењето во 2021 година, менаџментот на компанијата подготви план за  санација на компанијата кој беше презентиран пред кредиторите и истиот беше прифатен, со  што финаниските институции ја продолжија соработката со ДГ БЕТОН АД Скопје. Наплатата на  побарувања постари од три години, како и побарувања по основ на позајмици и дадени аванси  во првата половина од 2022 година се зголеми значително. Дополнително, наплатата на  побарувањата во текот на 2021 и почеток на 2022 год од тековните проекти беше редовна, додека старите побарувања од инвеститори беа во дел наплатени (црква Св. Константин и  Елена), а за наплата на останатите сè уште се водат судски постапки и се чека позитивен исход  од истите (ЕВН фасада, Министерство за култура, итн.). Сите овие средства беа наменети за  подмирување на обврските на компанијата. Намалувањето на вкупните обврски спрема  добавувачите споредбено со истиот период претходната година, односно состојба 30.06.2021  споредбено со 30.06.2022 година, е за 330 милиони ден или за 44 отсто. Обврските кон  добавувачите компанијата се поажурно ги подмирува и деновите за отплата на обврските ги намали од 256 во 2019, 186 во 2020, за да дојде до 177 дена во 2021 година“, пишуваат од компанијата.

Натаму, како што додаваат, во првата  половина на 2022 година се намалила и кредитната изложеност спрема Комерцијална Банка за  110 милиони ден. Уште повеќе, во компанијата биле внесени дополнителни ликвидни средства  од поврзани субјекти согласно Одлуки на Собрание на акционери, со кои на прво место се  санирале обврските спрема добавувачи и дел од финансиските кредитори.

„Помеѓу сите горенаведени превземени дејствија за реорганизација и реструктуирање на  компанијата уште во првиот квартал на 2022 година, Основното Јавно Обвинителство, спротивно на закон, на 19.04.2022 година донесе решение за замрзнување на имотот на  компанијата, после објавата на Одлуките на Собрание на акционери за продажба на дел од недвижниот имот кој не е во функција на основната дејност на компанијата, а која продажба  беше во насока на успешно реализирање на планот за реорганизација и реструктуирање на  компанијата. Со тоа компанијата беше спречена навремено да одговори на барањата на  кредиторите и да обезбеди ликвидни средства за реализација на веќе потпишаните договори  за градење со државните инвеститори и да исплати доспеани обврски спрема своите  добавувачи. Оваа одлука на јавното обвинителство направи непроценлива штета на  компанијата, особено репутациска штета која доведе до огромни финансиски загуби, затоа  што од тој момент се созаде недоверба во компанијата и во нејзината способност за  регулирање на обврските, со што започнаа и најголемите блокади и на банкарските сметки и  низа тужби за наплата на побарувања од страна на добавувачите со кои компанијата имала  долгогодишна соработка“, пишуваат од компанијата во својата ценовно чувствителна информација.

Следствено, како што нагласуваат, од 19.04.2022, компанијата била принудена да го замрзне и планот за санација и да понуди алтернативни решенија на кредиторите со кое ќе се  спречи и нивна реакција за наплата на своите побарувања.

„Борбата со јавното обвинителство  времено се заврши кога во жалбена постапка кривичниот суд го уважи барањето на  компанијата за повлекување на вондредната мерка за замрзнување на недвижностите на ДГ  БЕТОН АД Скопје, со што компанијата можеше да располага со имотот дури од првата  половина на јуни 2022 година, после повеќе од месец и пол. Меѓутоа планот за санација сè  уште беше неможно да се спроведе до крај сè додека не се одблокираат банкарските сметки  на компанијата.  Приходната страна на компанијата значително е намалена во 2022 година. Едностран раскин  на договорот спроведе најпрво Јавното претпријатие за државни патишта, со што ги активира и  гаранциите кои компанијата во почетокот на 2022 година беше приморана целосно да ги  исплати. За ова еднострано раскинување на договорот, кое дојде после констатирани  недостатоци во проектот за градење а со тоа и до значително доцнење на реализацијата на  проектот, е започната постапка пред арбриражниот суд за подмирување на побарувањата  согласно доставените градежни книги и ситуации, како и за штети нанесени на компанијата. За сагата да биде уште поголема, Народна Банка на Р.С. Македонија, во екот на градежнатасезона 2022 година, еднострано го раскина Договорот за градење на својата административна  зграда, кој беше со важност до 31.12.2022 година. Овој раскин на договорот доаѓа после  исцрпни преговори со раководството и координативното тело на оваа институција за да се  изнајде решение за измени на истиот договор, во кои ДГ БЕТОН АД Скопје, заради променети  околности (Ковид 19, пораст на цени на градежни материјали, пораст на минимална плата,  војна во Украина, пораст на цена на струја, нафта и гас), официјално бараше изнаоѓање на  законска рамка во која ќе може да биде обештетена за енормното зголемување на трошоците  за градење, а со тоа и загубите на компанијата. Во меѓувреме, за да го оддржи Договорот за  градење во живот и да ги исполни своите обврски и покрај неколкуте измени во основниот  проект за градење, компанијата ги превзема на свој терет зголемените трошоци за градење во  износ од околу 5,4 милиони евра, се до изнаоѓање на законско решение со Бирото за јавни  набавки и Владата на РСМ за покривање на загубите поттикнати од надворешни влијанија,  иако таква можност веќе нуди Законот за облигации. Едностраниот раскин на договорот  компанијата ќе го спори преку надлежните судови во државава и ќе бара надомест на  енормни штети. На крај, заради едностраното раскинување на Договорот за градење, НБРСМ  ги активираше и гаранциите во износ од 2.5 милиони евра и дополнително ја блокираше  банкарската сметка на компанијата за дополнителни 2.5 милиони евра за исплата на штети, со  што се создаде паника и во банкарскиот сектор.  Во последните неколку денови, кредиторите на ДГ БЕТОН АД Скопје донесоа одлуки да ги  доспеат сите кредитни рамки на компанијата со што Комерцијална Банка АД, Стопанска Банка  АД Скопје, Халк Банка и НЛБ Банка ги активираа своите хипотеки, како и мениците, со што  пристапија кон постапка на извршување на целиот недвижен и подвижен имот на компанијата  до подмирување на своите побарувања. Компанијата е задолжена и за гаранциите кои  компанијата ги обезбеди преку своите кредитори спрема инвеститорот Синохидро за изградба  на автопатот Миладиновци – Штип и кои гаранции се уште не се згаснати иако компанијата  има добиено потврда од својот инвеститор за успешно завршена работа. Причината за тоа е  што Владата на РМ се уште не превзела соодветни чекори за надминување на  административните проблеми со проектот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип чиј  инвеститор е ЈПДП, а изведувач Синохидро и во кој ДГ Бетон АД Скопје и Гранит АД Скопје се  јавуваат како подизведувачи, а кој проект е завршен повеќе од 3 години и со тоа и  ослободување на гаранциите кои и Синохидро ги обезбедил спрема инвеститорот ЈПДП. Овие  гаранции се во износ од над 12 милиони евра, средства од рамките кои компанијата не беше  во можност да ги користи за да учествува на нови тендери повеќе од 1 година и кои  значително имаа допринос во неликвидноста на компанијата. Уште повеќе, извршувањето  банките го спроведуваат на целосните рамки на компанијата, вклучувајќи ги и гаранциите кои  веќе треба да бидат згаснати“, пишуваат од компанијата во своето долго соопштение до инвеститорската јавност.

Од Бетон уште и велат дека во јавноста излегле паушални коментари и анализи за работењето на нивната компанија, и дека сите биле извадени од контекст од соопштенијата на компанијата, за кои се сомневаат дека имаат за цел  дополнително да го разрушат кредибилитетот на компанијата и на менаџментот, не земајќи ги  во предвид фактите и контантните пречки поставени од државните институции. Еден од  најфрапантните примери за ова била неможноста компанијата сè уште да го предбележи веќе  изградениот хотел во центарот на Скопје, за кој има градежна дозвола. Имено, Катастарот на  РМ одбива да го направи истото, поврзувајќи ги законските обврски со политички  препукувања и покрај тоа што има добиено конкретни насоки од Кривичниот суд да го  спроведе предбележувањето и потврда дека за тоа не постојат никакви законски печки.

Сепак, од Бетон укажуваат дека тие имаат доволно пари да се раздолжат со сите кредитори.„Вредноста на активата на компанијата, како и побарувањата од изработените и неисплатени  ситуирани работи, како и потенцијалните обештетувања кои ги очекуваме како завршница на сите судски процеси заради нерегуларно раскинување на договори, се драстично поголеми од  обврските што ги имаат доверителите и истите ќе бидат подмирени во целост“ децидни се од компанијата.

Н.Н.Ф.   

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria