05 Декември, 2025
0.0801

Без Елаборат за енергетска ефикасност – нема дозвола за работа

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2013 18:50

Добивај вести на Viber

Ако сакаат дозвола за градба, сите компании што се занимаваат со градежни работи, ќе мора да изготват Елаборат за енергетска ефикасност. Ваквата мерка стартува од идната година, а во септември  започнуваат обуки за енергетските контролори кои ќе ја вршат инспекцијата. Како што изјави министерот за економија Ваљон Сарачини, согласно Законот за енергетика во иднина нема да може да се изгради каков било објект без потврда дека се запазени мерките за енергетска ефикасност.

Тој најави дека ова е нова фаза во градежниот сектор во Македонија што ќе отвори нови работни места, а информираше дека  градежништвото вработува околу 40.000 работници моментално. Според планот, до 2020 година ако се имплеметнтираат сите мерки за енергетска ефикасност,  ќе бидат потребни нови  10.000 нови работници.

„Согласно препораките од Европската унија Република Македонија има обврска до 2020 година целосно да реновира 1,1 милиони метри квадратни од постоечките објекти или околу 3 проценти од приватниот и 5 проценти од јавниот станбен фонд. Од септември Агенцијата за енергетика ќе го објави јавниот повик за  енергетски контролори, а околу 2.800 работници ќе треба да поминат обука за да се вклучат во изградбата на новите објекти“,појасни Сарачини кој ги повика сите градежни компании да се пријават на конкурсот на Агенцијата за енергетика, да завршат обука и да се добијат сертификат и лиценца за енергетски контролор.

Според него, енергетските контролори ќе издаваат енергетски пасоши кои во рок  од три години треба да ги поседуваат сите јавни објекти. Пасошок ќе покажува колку енергија трошат годишно бидејќи последната анализа покажала дека најмногу енергија( 56 отсто) троши здравствениот сектор, а 23 проценти секторот образование.

„Од тоа може да заклучиме дека е неопходно да се имплементираат мерки за енергетска ефикасност во болниците и училиштата. Ние тоа го направивме со првата фаза на ГЕФ Проектот на Светска банка  преку кој реновиравме и реконструиравме 40 училишни објекти. Тоа се предвидува и со вториот акциски план што треба да се применува од 2014 година и ќе трае седум години. Со него би требало да се инвестираат околу 96 милиони долари за имплементирање на мерки за енергетска ефикасност кои ќе значат заштеда на енергија на државата од 13 милиони евра годишно“, додаде Сарачини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите