05 Декември, 2025
0.0289

Без конкретен договор „тројката“ си заминува од Грција

Објавено во: Балкан 14 Март, 2013 09:46

Добивај вести на Viber

Без финален договор со грчката Влада за повеќе структурни реформи, денеска од Атина си заминуваат претставниците на меѓународните кредитори на Грција. Додека грчката страна тврди дека паузата во преговорите  нема да предизвика проблеми околу доделувањето на следната рата од заемот за земјата.

Синоќешниот состанок на премиерот Андонис Самарас со претставниците на ММФ, ЕК и ЕЦБ траеше неколку часа, но заврши без да се постигнат заклучоци за прашања како што е намалувањето на бројот на јавните службеници и планот за исплата на фирмите и поединците кои должат пари за социјално осигурување.

И покрај застојот во преговорите, грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас инсистира на тоа дека двете страни се блиску до договор и оти следната рата од заемот за Грција во вредност од 2,8милијарди евра не е загрозена.

- Има значаен напредок во разговорите со тројката. Преговорите ќе продолжат кога меѓународните претставници ќе се вратат во Атина. Ратата од заемот не е доведена во прашање, изјави Стурнарас по состанокот.

Тој информира дека тројката ќе се врати во Атина на крајот од овој месец или на почетокот од април, што значи дека Грција нема да ја добие следната рата овој месец како што беше претходно  планирано.

Иако Стурнарас тврди дека останува да се решат само „технички прашања“ меѓу двете страни,  познавачите на приликите истакнуваат дека се уште постојат големи разлики за редица загрижувачки прашања.

Грчкиот министер за финансии не образложи за кои прашања се уште се преговара, иако општо е познато дека во последните денови се водеа долги дискусии за намалување на вработените во државната администрација, продолжување на „итниот данок на имот“ воведен во 2011 година и како да се соберат неплатените даноци и трошоците за социјално осигурување.

Друго прашање за кое Грција и тројката постојано дебатираат е и можноста банките да им дадат поповолни услови на клиентите да ги вратат кредитите и да ги исплатат хипотеките. Министерот за развој Костис Хаџидакис најави дека за ова прашање има мал напредок.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии