Без ковид потврда нема да ги примаат на работа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Октомври, 2021 19:09
Во Италија секој вработен мора да има ковид потврда.
Од 15 месецов, Италија ќе стане првата европска држава која бара таканаречена „зелена потврда“ – дигитален или хартиен доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен ковид-19 тест во последните 48 часа – на сите работни места.
Новото барање за зелени сертификати за работни места е едно од најстрогите во светот. На работниците им се дава пет дена „неоправдано отсуство“, по што платите може да им бидат суспендирани иако не можат да бидат отпуштени. Работниците кои ќе се појават на работа без зелена потврда и работодавачите кои не ги проверуваат се соочуваат со казна до 1.500 евра.
Ова е само еден чекор поблиску од воведувањето на задолжителна вакцинација.
Италијанската влада во јуни воведе сертификати за меѓународните патувања, потоа ги прошири и во рестораните, театрите, спортските сали и базените, а на почетокот на септември и при железничките патувања на подолгите релации, меѓурегионалниот јавен превоз, домашните летови, како и за родителите што ќе влегуваат во училиштата.
Италија има над 4.7 милиони ковид случаи и повеќе од 131.000 починати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република





