05 Декември, 2025
0.1275

Без оглас договорени јавни набавки вредни 14 милиони евра

Објавено во: Економија 28 Декември, 2012 13:53

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал од година склучени се 210 договори во вредност од 14 милиони евра преку нетранспарентна постапка со преговарање без објавување оглас - констатираше во својот најнов извештај Центарот за граѓански комуникации. Вкупно во првите девете месеци од 2012 година вредноста на овие договори изнесува околу 32 милиони евра. (од почеток до овде телоп) Извештајот на центарот за граѓански комуникации покажува дека некои институции и понатаму продолжиле да не го почитуваат правилото за прецизно дефинирање на елементите за евалуација на понудите. Па така наместо квалитетот на понудите, во некои тендери се цени, главно, искуството на фирмите-понудувачи. Центарот за граѓански комуникации регистрираше дека во пораст е и проблемот со поништување на поголемите тендери оние за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра, но и за изведување на работи над 50.000 евра..Нотирано е и дека постои растечки тренд на донесување одлуки за поништување на ваквите тендери главно поради тоа што проценетата вредност на набавките е пониска од понудената од фирмите. Компаративната анализа на македонското законодавство со седум европски земји, констатира Центарот за граѓански комуникации укажува дека ниту една од нив не креира т.н. „црна листа“ на понудувачи на кои им е забрането учество во јавните набавки за одреден период (1 до 5 години) како последица на активирање на банкарските гаранции.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?