Без паника:Македонскиот пазар нема производи со коњско наместо говедско месо
Објавено во: Агробизнис 11 Февруари, 2013 14:58
На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд „Финдус“, потврдија денешните инспекциски контроли.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, контролите се спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители, наместо говедско, содржи голем процент коњско месо.
- Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите, наведува Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и со следење на состојбата на европскиот пазар.
Засега е потврдено дека лажно декларирано месо се продавало во Велика Британија, Франција, Шведска, Ирска и Романија, а како што пренесува Би-Би-Си, го имало и на пазарите во уште 11 европски земји.
Се смета дека Кипар и Романија се земјите од каде што потекнува спорното месо. Француската компанија „Поујол“ набавувала од кипарски трговци, а Холандија од две романски месарници. „Поујол“ ја снабдувал луксембуршката фабрика, сопственост на француската групација „Комигел“, а месото потоа е продавано како дел од готовите замрзнати јадења на шведскиот производител „Финдус“ кој за овој скандал, пак, ги обвинува своите романски добавувачи. Откриено е дека анализираните примероци со „говедско месо“ содржат 60 до 100 отсто коњско месо.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





