Без задолжување од 2015, согласно нацрт-буџетот на Германија
Објавено во: Свет 14 Март, 2013 09:58
Германската Влада го усвои нацрт-буџетот за следната година, со кој е предвидено обемот на дополнителното задолжување значително да се намали и целосно да биде запрено во 2015 година.
Министерот за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ова е силен сигнал за остатокот од Европа, која се зафатена од должничка криза.
Со нацртот е предвиден структурно урамнотежен буџет за следната година со задолжување од 6,4 милијарди евра, што е значитлено помалку од 17,1 милијарда евра предвидени за оваа година.
Позајмувањето пари на финансиските пазари ќе биде целосно стопирано во 2015 година, што е една година порано од првичниот план.
Јавната потрошувачка следната година ќе биде намалена на 296,9 милијади евра, што е за 1,7 отсто помалку во споредба со овогодишните 302 милијарди евра.
Коалицијата на десниот центар, која ја предводи канцеларката Ангела Меркал врши притисок на останатите земји од еврозоната да ги намалат буџетските дефицити и вкупните долгови и напоменува дека самата со своите постапки дава пример.
За разлика од повеќето земји на еврозоната, стопанството на Германија константно бележи раст изминатите години, а државата остварува стабилни даночни приходи
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




