Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2025 08:00
Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10.
За прекршоците регистрирани преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи (МВР) на сопственикот на возилото со кое е направен сообраќајниот прекршок испраќа СМС порака и е-пошта на контактите дадени при регистрација. Во пораката ќе има линк за преземање на записникот за прекршок и прекршочниот платен налог.
Ако сторителот ја прифати одговорноста и ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на записникот, ќе плати половина од изречената казна. По истекот на овој рок, глобата може да се плати во целост најдоцна во наредните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата. Во случај на навремено плаќање, се покриваат и трошоците за целата постапка.
Странци, како и државјани кои заминуваат во странство и би можеле да го избегнат плаќањето, се должни да ја платат глобата веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од приемот на записникот. Ако глобата не се плати, МВР ја доставува до надлежен орган за присилна наплата. За прекршоци каде покрај глобата е предвидена и забрана за управување со моторно возило, а глобата е платена навреме, МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до суд.
Плаќањето на глобите може да се изврши електронски преку линкот добиен со известувањето. Во уплатницата автоматски се внесуваат бројот на записникот и износот на глобата во денари. По извршената уплата, МВР веднаш добива електронско известување за плаќањето.
На почетокот на пробниот период на Безбеден град премиерот Христијан Мицкоски рече дека ја поддржува неговата примена како и негово проширување на целата територија на земјата и оти е подготвен да издржи какви било критики и политички удари доколку тој систем спаси макар и еден живот.
[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fbezbeden-grad-kje-zapochne-da-funkcionira-od-1-fevruari-2026-godina&referer=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Ffaktor-na-denot-kaznite-od-bezbeden-grad-oficijalno-kje-pochnat-od-1-fevruari&cb=89c0849f34" width="0" height="0" alt="">
Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ на 1 декември биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ




