10 Декември, 2025
0.1255

БЕЗБЕДНА И ПРЕЦИЗНА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2025 11:04

Добивај вести на Viber

„Аџибадем Систина“ инвестира во врвна технологија за максимална безбедност и нови можности за неврохируршки интервенции

Со набавката на најсовремениот систем за навигација, пациентите во „Аџибадем Систина“ добиваат безбедна, прецизна и минимално инвазивна неврохирургија, според највисоките светски стандарди.

„Оваа инвестиција е од суштинско значење за иднината на нашата професија и за безбедноста на секој пациент што ни го доверува своето здравје. Станува збор за технологија која не само што овозможува прецизност, туку и отвора нови терапевтски хоризонти – интервенции што досега не можеа да се изведат во нашата земја. Со системот се овозможуваат повеќе напредни кранијални процедури, меѓу кои: мозочни биопсии, отстранување на тумори, визуализација на нервни патишта, катетеризации,како и прецизно позиционирање за длабока мозочна стимулација (DBS)“, истакнува доц. д-р Миленко Костов, неврохирург во „Аџибадем Систина“.

Системот „StealthStation S8“ на американската корпорација „Медтроник“, една од водечките пет компании во светот за медицинска технологија, претставува еден од најнапредните модели за невронавигација. Верзијата со која располага „Аџибадем Систина“ е премиум конфигурација, опремена со две мобилни, целосно компатибилни станиции интелигентен интуитивен оперативен систем кој овозможува 2Д и 3Д визуализација.Со неговата интеграција во хируршките сали, неврохируршкиот тим добива можност да ја следи позицијата на инструментите во реално време, да ја визуализира анатомијата на мозокот или ’рбетниот столб во сите димензии и да изведе хируршка интервенција со максимална прецизност и минимален ризик за виталните структури.

„Со помош на овој системможеме со прецизност од милиметар да ја одредиме локацијата на туморот, да планираме безбеден оперативен коридор кој ги заобиколува функционалните зони и крвните садови, и тоа пред да започне интервенцијата. Тоа е од суштинско значење за третманот“, додава доц. д-р Костов.

Можностите што ги отвора овој систем не се ограничени само на кранијалните процедури. Во следната фаза, со дополнителна опрема, се планираат минимално инвазивни спинални интервенции – вклучувајќи поставување импланти со мала хируршка траума, што значително ќе го намали постоперативното заздравување.

„Во план е и воведување функционална неврохирургија, гранка што се занимава со вградување на невростимулатори кај пациенти со Паркинсонова болест, дистонии и други невролошки нарушувања поврзани со движењето. Со ова, ‘Аџибадем Систина’ ќе биде меѓу ретките центри во регионот што ја применуваат оваа високоспецијализирана терапија“, вели доц. д-р Костов.

Со модернизирање на опремата и инвестиција во неврохируршки кадар, идните планови за развој на неврохирургијата во „Аџибадем Систина ќе бидат насочени кон три главни правци: модернизирана онколошка неврохирургија, современа спинална и минимално инвазивна хирургија, како и развој на функционална неврохирургија.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ