БГНЕС: Бугарија помогна на 15.000 Македонци во пандемијата
Објавено во: Македонија, Балкан, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Бугарија помогна на над 15.000 Македонци да се вратат дома, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Земјата помогнала Македонците кои останаа „заглавени“ во странство, да се вратат дома во време на пандемијата на Ковид-19. Меѓу нив и ќерка на актуелен министер во македонската Влада, блиски роднини на опозициски пратеници и познати личности од јавниот живот, јави бугарската агенција БГНЕС, повикувајќи се на дипломат кој инсистирал на анонимност.
Агенцијата притоа ја потенцира и улогата на бугарската дипломатија која се ставила на располагање 24/7 за потребите на соседите. Точната бројка на трансферирани македонски државјани преку аеродромот во Софија до 5 јуни била 15.237 и во деновите до денешниот е зголемена за околу 1.000 со оглед на посоченото дека меѓу 250 и 300 лица дневно се враќаат во државава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.