06 Декември, 2025
0.0653

БХ Ерлајнс, Ер Свиден и Алба Стар Ерлајнс наскоро ќе летаат до Скопје!

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2013 12:32

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани ќе можат да летаат за Базел, Умеа, Копенхаген и Сараево веќе на пролет Три нови авиокомпании доставија барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство за да се вклучат во редовниот и во чартер авиосообраќајот во зимската и летната сезона, дознава Фактор. Шведската авиокомпанија Ер Свидан АБ (Air Sweden AB) од 28 февруари до 30 март, ќе почне да нуди редовни летови од и до македонскиот аеродром Александар Велики. По издавањето на дозволата од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, компанијата ќе лета на релација Умеа, Шведска – Копенхаген, Данска –Скопје, Македонија и обратно, два пати неделно, во понеделник и петок. Од компанијата најавуваат дека најверојатно ќе се вклучат и во летната сезона од редовниот авиосообраќај кон земјава, на истите дестинации и во истите деновиви, до 18 мај годинава. Покрај Ер Свидан, од 1 април годинава на релација Сараево-Скопје и обратно ќе почне да лета и Босанската национална авио компанија БХ Ерлајнс. „И оваа авиокомпанија достави барање до Агенцијата за цивилно воздухопловско за вклучување во редовиот авио сообраќај кон земјава. Со летниот ред на летање, компанијата ќе оперира од Скопје до сараево и обратно четири пати неделно (во понеделник, среда, петок и недела). Во чартер летовите пак, во рамките на зимскиот ред на летање, од 27 јануари до 31 март, ќе се вклучи и шпанската компанија Алба Стар Ерлајнс на релација Рим - Скопје- Скопје – Рим“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од 3 февруари пак, до 31 март, во недела, Алба Стар Ерлајнс ќе оперира од Скопје до Базел, од Базел до Скопје и од Скопје ќе слета во Рим. К.П.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?