20 Декември, 2025
0.0981

„БИ САКАЛ ДА СИ ТУКА“: Маск и Трамп во ново видео тагуват еден по друг - вештачката интелигенција повторно воодушевува

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2025 20:41

Добивај вести на Viber

По бројните препукувања на социјалните мрежи меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот довчерашен близок соработник, милјардерот Илон Маск, по караницата и разидувањата поттикнати од новиот закон на Трамп на социјалните мрежи се појави видео креирано со помош на вештачката интелигенција. 

Видеото во чија позадина се слуша безвременската балада на легендарните „Пинк Флојд“ – Wish you were here (Би сакал да си тука)! ги прикажува поранешните соработници во „филм“ во кој двајцата пријатели тагуваат еден по друг бидејќи се разделени поради новите предизвици. 

Маск е претставен како освојувач и претседател на Марс, додека Трамп останува на Земјата. По долги години носталгија, Маск се враќа кај својот пријател кој е во болничка постела. 

Погледнете и сами: 



Наспроти носталгичното видео, овие неколку дена двајцата не се штедеа во навредите еден кон друг.

Трамп го обвини Маск дека прекумерно користи дрога, а милијардерот инсинуираше дека американскиот претседател во минатото бил дел од друштвото на сексуалниот предатор Џефри Епстајн.

Од моментот кога Трамп стана претседател на САД се појавија неколку видеа, кои и самиот ги објави на социјалните мрежи, на различни теми, како претворањето на Газа во туристички центар, но и други креации. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја