15 Мај, 2024
0.0280

Биди дел од првиот Хакатон на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал во соработка со Солвео го организира првиот OBSG BUZZ Хакатон и отвара повик до сите млади дизајнери, девелопери и други мотивирани поединци, кои се спремни да се вклучат во креирање на мобилната банка од иднината. 

Целта на овој 54-часовен OBSG BUZZ - предизвик кој ќе се одржи од 30.11.2018 до 02.12.2018 е да се пронајдат и креираат нови начини на интеракција на Банката со корисниците. Односно, 50 млади и талентирани умови во тимови ќе имаат можност да работат на креирање иновативно, но истовремено и апликативно решение со кое ќе ја креираат мобилната банка на иднината, а истовремено ќе се борат за награда од 1.500 евра во денарска противвредност. 

За време на OBSG BUZZ хакатонот, учесниците ќе треба да креираат предлог - решенија за концептот на мобилното банкарство во иднина, кое ќе се осврне на аспектите кои треба да се подобрат, иновациите кои се потребни за подобро функционирање на мобилната банка и функционалности кои ќе одговараат на модерниот начин на живот. На крајот на настанот секој тим ќе го презентира своето идеално решение пред комисија која ќе го прогласи победникот на OBSG BUZZ Хакатонот. 

На OBSG BUZZ Хакатон можат да се пријават сите кои сметаат дека можат да одговорат на овој предизвик, сакаат да креираат нови решенија, имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис, финансии, сакаат да запознаат нови контакти и се тимски играчи. Пријавите за учество може да бидат индивидуални или заедно со уште еден партнер. Сите заинтересирани потребно е да пoполнат апликација за учество. Повеќе информации за повикот може да се прочитаат на следникот линк.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“