05 Декември, 2025
0.0454

БиХ ја обвинува Хрватска за „млечна војна“

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2013 10:05

Добивај вести на Viber

Аферата околу млекото на хрватските производители Дукат и Виндија во кои е пронајден афлатоксин не се смирува. Сточарите од Босна и Херцеговина (БиХ) тврдат дека со тоа им е објавена „млечна војна“ Како што пишуваат босанските медиуми, сточарите во БиХ ги обвинуваат хрватските власти дека им е објавена „млечна војна“ и уверени се дека хрватските власти ги пласираат овие информации дека афлатоксинот е пронајден во млеко во БиХ за да се санира штетата предизвикана од хрватските производители на млеко, пишуваат регионалните медиуми. Весникот „Независне новине“ од Бања Лука пренесува дека побарувачката на млеко од БиХ во Хрватска во последните 10 дена, откога квалитетот на домашното млеко е доведен во прашање, пораснала за дури 30% Претседателот на Здружението на производители на млеко во Република Српска, Владимир Усорац вели дека е очигледно да во оваа приказна нешто не е во ред бидејќи хрватските власти, според неговите зборови, не ги известиле надлежните институции во БиХ дека млекото не е исправно. “Да е тоа вистина, одамна ќе стигнеше официјална информација од Канцеларијата за ветеринарство на хрватска. На овој начин сакаат на нас да ни подметнат кикавичко јајце и на своите потрошувачи да им дадеме до знаење дека домашните производи се штетни, што апсолутно не е точно“ вели Усорац. Според претседателот на Здружението, кравите во БиХ, за разлика од хрватските, се хранат на природен начин, со здрава храна, без примена на хемиски супстанци. „На сите во регионот им е јасно дека нашето млеко е едно од најквалитетните. Хрватите едноставно неможат да се помират со тоа дека нивното млеко нечини, па истата мака сакаат да ја натоварат и на нашиот врат“ потенцира Усорац. Од Канцеларијата за веретинарство на БиХ, како што пренесуваат регионалните медиуми потврдиле дека никој не контактирал со нив иако Хрватска е обврзана да го направи ако во млекото е пронајден афлатоксин.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии