БиХ: На изборите излегле 58% од граѓаните
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2014 21:47
Според податоците на изборните штабови, 58 проценти од граѓаните на БиХ излегле на денешните избори, што е осум посто отколку пред четири години. Тоа се засега неофицијални прогнози бидејќи централната изборна комисија на Босна и Херцеговина не ги соопштила податоците за тоа колку гласачи излегле на општите избори.
Во најголемиот град на Република Српска, Бања Лука, на избирачките места излегле околу 60 посто од регистрираните бирачи.
Од Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) соопштено е дека првите неофицијални резултати од гласањето ќе бидат објавени на полноќ на 12 октомври за членовите на Претседателството на БиХ.
Изборите протекле воглавно без поголеми инциденти, а избирачките места се затворени во 19 часот. Како што е најавено, првите прелиминарни резултати би можеле да бидат познати околу полноќ, а веќе во текот на вечерта изборните штабови на партиите би требало да ги имаат неофицијалните изборни резултати.
Граѓаните на 5401 избирачко место, ги бирале членовите на Претседателството на БиХ, пратениците во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратениците во кантоналните собранија и Народното собрание на РС, како и претседател и заменик-претседател на РС.
На изборите учествуваа 98 политички субјекти, чии имиња се наоѓаат на гласачкиот лист, а од нив 50 се политички партии, 24 коалиции, 24 независни кандидати и вкупно 7748 кандидати.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




