18 Декември, 2025
0.0473

БиХ под посебен надзор! Рамо до рамо со Иран и Северна Кореја …

Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Комитетот на експерти на Советот на Европа за спроведување на мерките против перењето пари и финансирањето на тероризмот (MONEYVAL), ги повика сите земји-членки на телото и други земји да обрнат особено внимание на сите финансиски трансакции со Босна и Херцеговина за да се избегне ризикот од перење пари и финансирање на тероризмот, бидејќи државата не ги донесе потребните закони за борба против овој вид криминал. Во изјавата објавена на веб страната на MONEYVAL се нагласува дека БиХ не ги исполни своите обврски за донесување на нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам што треба да се направи барем до 1-ви јуни. "MONEYVAL ги повикува сите нејзини земји членки и други земји да ги предупредат своите финансиски институции да бидат поставени на посебни мерки за надзор над транскации во (во готово) со лица и финансиски институции од или во Босна и Херцеговина, со цел да се избегне ризикот од перење пари и финансирање на тероризам" се вели во соопштението. Со оваа мерка БиХ се класифицира во категорија на држави какви што се Иран или Северна Кореја. Властите на БиХ уште во април добија предупредување дека мораат да усвојат нов закон до 1 јуни, или нивната држава автоматски ќе се вклучи во листата на земји кои немаат механизми за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот во согласност со меѓународните стандарди. Банкарските експерти во Босна веќе изразија голема загриженост во врска со воведувањето на овие мерки. "Тоа значи повеќе чекање, долготрајни процедури и скапи трансакции", рече генералниот секретар на Здружението на банки Mиjo Мишиќ. Донесувањето на нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот беше одложено за неколку месеци, бидејќи од Република Српска се противат на предлогот Државната агенција заштита (СИПА) да биде овластен орган за контрола на сомнителни трансакции низ целата земја. По неколку месечни несогласувања, пронајдено е компромисно решение, па Претставничкиот дом на парламентот на БиХ усвои закон на 28 мај, но за тој да стапи во сила мора да биде потврден и од страна на Домот на народот. Седницата на Домот е закажана за 6 јуни, а нејзиниот претседател Драган Човиќ не одговори на барањата за седницата да се оддржи порано со што ќе се спречеше воведувањето на санкциите што ги најави MONEYVAL. Остана нејасно зошто Човиќ не ја закажа седница на Домот на народите до 1 јуни, а ХДЗ на БиХ, наведоа само дека тој е службено отсутен од земјата, бидејки имал претходно договорени обврски. K.K.    

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии