БиХ пред колапс?
Објавено во: Балкан 28 Април, 2013 10:55
Босна и Херцеговина е пред колапс, драматично предупредуваат релевантни економски аналитичари од таа земја, укажувајќи на тоа дека на наплата дошле сите години на неработење и „живот на кредит“, но и поради перманентната политичка криза во БиХ, пренесува информативниот портал кликс.ба.
Исплатата на платите на корисниците на федералниот буџет доцнале 15 дена, а во одделни државни и федерални органи и јавни претпријатија веќе е најавено намалување на платите.
Поради неможноста да ги платат сметките на одделни претпријатија, установи и организации им се заканува исклучување на телефон, вода и струја. Така на сараевското претпријатие Водовод и канализација веќе му е исклучена струјата поради долгови кон Електродистрибуција.
Речиси секоја недела пред Владата на Федерацијата БиХ протестираат работници, а протести се случуваат ширум цела БиХ, кои засега се мирни и не се масовни.
Сега сите во БиХ гледаат кон Меѓународниот монетарен фонд од кој на ФБиХ оваа година треба да и бидат доделени 239 милиони конвертибилни марки, а на Република Српска 120 милиони КМ. Овие средства се сметаат за спасоносни за земјата, но за да се платат долговите кон ММФ ќе мора да се оди во непопуларни кратења на трошоците, предупредуваат експертите.
Професорот по економија Вјекослав Домљан вели дека кризата во БиХ станува се поостра.
„Доколку ситуацијата не беше крајно лоша, власта немаше да се обрати до ММФ. Сега ситуацијата уште повеќе се компликува. Ситуацијата со ликвидноста станува се потешка. На сите ни е јасно дека без нова транша од ММФ работите со ликвидноста ќе бидат неиздрживи за ФБиХ.
- Но, кога следната година средствата ќе дојдат за наплата, а станува збор за милијарда марки, ќе биде уште потешко, предупредува Домљан.
Економскиот аналитичар Дуљко Хасиќ предупреди дека ефектите на кризата се подраматично се одразуваат на БиХ. Но тој е загрижен затоашто политичките елити воопшто не зборуваат за кризата која и се заканува на БиХ.
- Во овој момент во БиХ невработени се 560.000 лица. Од тоа, дури 220.000 со висока стручна спрема. Луѓето завршуваат факултети и одат под заводот за вработување. Властите во БиХ немаат идеја како да се вработи работната сила и материјалните капацитети да се стават во функција. Должничката криза го зеде својот данок и за жал, доста од тоа, однапред е потрошено, вели Хасиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





