29 Септември, 2024
0.0253

Билд: Кој е поопасен за Германија – Путин или Ципрас?

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Европа се наоѓа во најтешката криза од последниет неколку децении, бидејки шефот на руската влада Владимир Путин и на Грција Алексис Ципрас агресивно ја демонстрираат својата моќ, коментира денеска влијателниот таблоид „Билд“, поставувајки прашање кој е од нив двајца поопрасен за Германија.

Поради тоа што го сака Путин во Украина и Ципрас во Европа, се заканува војна и финансиска криза, неведува овој таблиод кој пишува дека Путин сака да го спречи поврзувањето на Украина со западот, како би го зголемил руското влијание и дека неговата цел за Источна Украина со сите сили и оружје ја стави под своја контрола, како би имал коридор до Крим и Приднестровје.

Давајќи одговор на неколку прашања што сакаат, што ги прави опасни и она што е во најлош случај може да се случи, „Билд“ наведуваат дека Путин е опасен бидејќи он е господар на руското нуклеарно оружје и тоа што многу европски земји се зависни од руските енергенти - нафтата и гасот.

Онаа што во најлош случај би можело да се деси, смета овој таблоид, дека во украинската криза може да влезе НАТО, а со тоа и Европа во едена голема војна.

Според сценаријата на таблоидот, би можело да се деси, „сепаратистите трајно да го нарушат прекинот на огнот“, а украинската армија наоружена со американско оружје, да го возврати ударот со што Путин би можел тоа да го искористи како изговор дека руските сили маршираат во Украина, по што Америка би моќела да побара од НАТО да интервенира во тој конфликт.

„Во конфликтот ќе нема прекин на огнот, продолжува да ескалира и на тој начин ќе се зголеми ризикот, чекор по чекор, да бидеме вовлечени“, изјавил поранешниот началник на генералштабот на германската војска Харај Кујат.

Освем тоа експретите предупредуаат како што вели „Билд“ дека Путин би можел со својата „агреивна политика“ да посее семе на раздорот„ помеѓу европјаните и американците, и една таква поделба, според проценките Волган Ишингер, сегашниот претседател на ОБСЕ за Украина и поранешен член на ЕУ „тројката“ за Косово, ќе биде победа за Москва.

Ципрас помеѓу другото сака да ги блокира тешките мерки на штедење, и покрај тоа бара од Германија да плати репарации за воените штети во износ од како што „Билд“ пишуваат 11 милијарди евра.

Тој е опасно за заемите од 250 милијарди евра од последните пет години кои би може да пропаднат, со штета на Германија за околу 70 милјарди евра, и ако земјите-членки на ЕУ ги задоволат желбите на Ципрас, тоа би можело да ги анимира другите политичари во Шпанија или Италија да бараат исто така олеснување, проценува „Билд“.

Во најлош случај може да се случи „Grexit“, односно, Грција да ја напушти еврозоната и повторно ја воведе драхмата, која, како што се вели, би можело да предизвика земјотрес во евро-зоната, затоа што тогаш на државата и банките ќе мораа да им се отпише грчкиот кредити.

Освен тоа, шпекулантите на финансиските пазари може да шпекулираат со излегување на Грција од еврозоната и другите „даночни грешници“, како Португалија и ако се успее во тоа, тогаш еврото, во својата сегашна форма ќе биде на крајот од своето постоење, предвидува „Билд“.