Билјана Ивановска: Добар резултат против партии кои трошат милиони евра во кампања
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 13:15
„Огромна благодарност за поддршката што ми ја дадовте, што препознавте во мене и во Независни заедно опција која се бори за нас, за граѓаните.
Од начинот на гласањето и организирањето на изборниот процес можете да видите што значи да немаш партија и да не си рамноправно вклучен во изборниот процес. Недостатокот на нашето лого направи многу забуна. Ни пишуваа поддржувачи во текот на вчерашниот ден.
Сепак сметаме дека обединивме огромен број на свесни граѓани кои нема да ги изневериме.
Овој резултат е без реклами на телевизиите, без делење запалки по врати со само две дебатни емисии и 1.500 еу донација. Освоивме 4.465 гласа или 20% од гласовите и парираме на големите партии кои потрошија милиони евра и ги користеа сите начини да оневозможат фер избори. Правната неизвесност за независните кандидати, различните броеви на кандидатските листи а на крајот и гласачко ливче без нашето лого само потврдува дека борбата не е нималку лесна ниту рамноправна.
Охрабрува фактот дека Центар има критична маса што не размислува по партиска шема и е свесна дека промените сами треба да ги направиме, а системот е крив само тогаш кога сме неми и беспомошни набљудувачи и на урбаниот хаос, на ѓубрето, на загадениот воздух, на пожарите и на сообраќајките и на нашето грдо секојдневие како и на корупцијата.
Борбата продолжува“,порача поранешната антикорупционерка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





