05 Декември, 2025
0.0299

Биосимилари – шанса за поголема тераписка достапност или отворање на старо-нови дилеми?

Објавено во: Колумни 19 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Автор: Филип Ачкоски, м-р по фармација, д-р по бизнис администрација, извршен директор во фармацевтска индустрија, медицински писател и здравствен едукатор со повеќе од 20 години искуство на пазарите во Југоисточна Европа. ТопЕдукатор.

Што се биосимилари?

Последните декади во фармацевтската индустрија се појави термин кој често предизвикува дискусии – биосимилари. Тоа се биолошки лекови кои се развиваат како „копии“ на оригиналните биолошки терапии чиј патент истекол. Но за разлика од класичните генерички лекови, кај биосимиларите зборуваме за многу посложени молекули, каде што целосна идентичност не е можна, туку единствено „висока сличност“ со референтниот лек.

Тука лежи и економскиот и медицинскиот предизвик – дали тие навистина носат огромни заштеди или отвораат старо-нови прашања за квалитет и доверба?

Економски потенцијал

Воведувањето на биосимилари на глобалниот пазар се проценува дека до 2030 година ќе донесе заштеди од повеќе од 300 милијарди долари за здравствените системи. Причината е јасна: оригиналните биолошки лекови се меѓу најскапите терапии, особено во онкологијата, ревматологијата и гастроентерологијата.

Во некои држави, цената на биосимиларите е и до 30-50% пониска од оригиналот.

Ова директно значи дека имаме достапност на терапија за повеќе пациенти за ист буџет.

Практичен пример што не смее да се игнорира

Во едно истражување од 2020-2021ва презентирано на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија (jons-online.com), префрлањето од оригинални лекови кон нивни биосимилари довело до впечатливи заштеди:

·  Заштеда од 268,194 долари во период од 10 месеци при замена на rituximab со биосимилари (околу 27% заштеда)

·  Заштеда од 285,251 долари во период од 10 месеци при замена на bevacizumab со биосимилари (околу 19% заштеда)

·  Заштеда од 274,359 долари во период од 10 месеци при замена на trastuzumab со биосимилари (околу 18% заштеда)

Што значи ова?

Овој пример покажува реална економска добивка каде употребата на биосимилари, со приближно иста ефикасност и безбедност, резултира со значителен пад на трошоците. Тоа се средства кои можат да се пренаменат за други приоритетни области, повеќе пациенти, подобра терапија, повеќе иновации.

Старо-нови дилеми

Сепак, приказната не е толку едноставна. Биосимиларите отвораат и неколку клучни дилеми:

·  Квалитет и доверба – иако биосимиларите имаат докажана клиничка еквиваленција со оригиналниот лек, дел од лекарите и пациентите сè уште се скептични.

·  Заменливост –дали пациент кој веќе користи оригинален лек и има добри ефекти може безбедно и со иста ефикасност да биде префрлен на биосимилар?

·  Конкуренција и цени – дали навистина ќе се постигнат големи заштеди или производителите ќе држат високи цени поради ограничена конкуренција?

·  Маркетинг и перцепција –производителите на оригинатори често вршат притисок преку кампањи за „ризиците од замена“, што создава дополнителна несигурност.

Македонски контекст

Иако немаме точна домашна студија со конкретни бројки, логиката и доказите се јасни:

·  Македонскиот здравствен буџет е ограничен. Дури и 20% намалување на цените на биолошки терапии може да резултира со милионски заштеди.

·  Онкологијата и ревматологијата се меѓу најскапите сегменти. Биосимиларите нудат конкретно решение за да се зголеми опфатот на пациенти.

·  Примерот од странство е доказ дека биосимиларите немаат само теоретска, туку и практична вредност.

Заклучок

Биосимиларите не се само опција за заштеда, тие се стратегиска алатка за одржливост на здравствениот систем. Примерот од англиската онколошка пракса јасно покажува дека нема потреба за компромис — намалување на трошоците може да оди рака под рака со високо квалитетна грижа.

Затоа  вистинското прашање не е дали биосимиларите се иднината, туку дали ќе имаме капацитет да ја искористиме нивната вистинска вредност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?