19 Декември, 2025
0.0564

Бишев- нов Главен извршен директор во Шпаркасе

Објавено во: Економија 19 Март, 2013 11:36

Добивај вести на Viber

Управниот одбор на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац, стратешкиот акционер на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, постигна договор со г-динот Глигор Бишев за негово назначување за нов Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Актуелниот Главен извршен директор, г-ѓа Александра Радиќ, останува во Банката, како член на УО  и ќе продолжи да има клучна менаџмент улога како Главен директор за ризик. Се очекува г-динот Бишев да ја преземе функцијата по добивањето на потребните регулаторни одобрувања за негово назначување, пред сé согласноста од Народната Банка на Република Македонија, како и по истекот на договорениот период за предавање на функциите на новиот менаџерски тим на Стопанска Банка АД Скопје, каде што г-динот Бишев ја извршува функцијата Главен извршен Директор, Претседател на Управен одбор. -Глигор Бишев е еден од најпризнаените банкари со долгогодишно искуство во Република Македонија и неговата професионална експертиза и постигнувања се широко признаени. Ме радува неговата одлука да се приклучи на врвниот менаџерски тим на нашата Групација, позитивно препознавајќи ги нашите стратешки планови за Македонија и регионот“, изјави Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Steiermärkische Sparkasse и Претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија. -Претстојното назначување на г-дин Бишев е главен чекор во оваа насока и одлично надополнување на нашиот постоечки менаџмент тим“- изјавува Далбоков. Како долгорочен стратешки инвеститор во Македонија, Steiermärkische Sparkasse е посветена цврсто да ја позиционира Шпаркасе Банка Македонија помеѓу водечките финансиски институции во земјата, препознатлива по сигурност, ефикасност, професионална експертиза и квалитет на услуга.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар