25 Февруари, 2024
0.0288

БИСЛИМОСКИ: Треба да сме релаксирани, Енергетската заедница ќе даде мислење за стратешките инвестиции, тоа за нас е задолжително и ќе биде главен филтер

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Бислимоски: Секретаријатот на Енергетска заедница треба да даде зелено светло за државна помош

Најбитниот филтер во однос на државната помош согласно домашното и европското законодавство ќе го направи  Секретаријатот за енергетската заедница. Било која европска земја кога дава државна помош тоа го одобрува Европската комисија, но ние затоа што не сме членка на ЕУ, сме потписник на Договорот за основање на Секретаријатот за енергетска заедница што е тело на ЕУ надлежно за енергетика - од таму ќе се изјаснат за државната помош во делот на инвестициите за енергетиката. Треба да сме релаксирани затоа што меѓународна институција ќе се изјасни и тоа мислење ќе биде задолжително за нас со што ќе се тргнат сите дилеми“, посочи Бислимоски, претседател на РКЕ во интервју за ТВ Сител.

Во Собранието имаме четири договори за стратешки инвестции од вкупно 850 mw за електрична и 100 mw за топлинска со што заедно со досегашните инвестиции кои се направени од приватниот сектор од 600 mw од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија ќе го удвои производството, што е практично јакнење на енергетската независност - оцени Бислимоски.

„Во време на енергетската криза не спасуваше ТЕЦ Неготино и блокови во РЕК Битола што се стари 40 години и струја даваше ТеТо по насока од Влада за пониски цени- нас неопходни ни се нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност. Со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат проектите“, изјави Бислимоски.

Во однос на цената з атоплинска енергија појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинска ќе е пресметана согласно методологијата на РКЕ.

„Цената на топланите во Скопје е 5,2 денари, а на овие когенеративни постројки 2,5 денари - и тоа ќе се рефлектира во пониски сметки“, истакна Бислимоски.

Можеби ќе ве интересира

ГО ДОБИВМЕ ЛИ НОВИОТ ЕКОЛОШКИ РЕК БИТОЛА? Расте производството на струја од сонце, ветер, вода и биомаса

ГО ДОБИВМЕ ЛИ НОВИОТ ЕКОЛОШКИ РЕК БИТОЛА? Расте производството на струја од сонце, ветер, вода и биомаса

УАПСЕНИ СЕ ДЕСЕТ ЛИЦА: Германија разби група Балканци кои вработувале на „црно“

УАПСЕНИ СЕ ДЕСЕТ ЛИЦА: Германија разби група Балканци кои вработувале на „црно“

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МИНЕРАЛНА ВОДА - „Ова е голема измама“

ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ НАЈГОЛЕМИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА МИНЕРАЛНА ВОДА - „Ова е голема измама“

НАРОДНИТЕ ОБВРЗНИЦИ И ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ СТАНАА ПОПУЛАРНА СТОКА - еве зошто сѐ повеќе во нив вложуваат хрватските и европските граѓани

НАРОДНИТЕ ОБВРЗНИЦИ И ДРЖАВНИТЕ ЗАПИСИ СТАНАА ПОПУЛАРНА СТОКА - еве зошто сѐ повеќе во нив вложуваат хрватските и европските граѓани

Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош

Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

На продажба ставени 10 отсто од акциите на централата ТЕ-ТО

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - за нив плати околу 133 илјади евра

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - за нив плати околу 133 илјади евра

НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ - трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ - трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен

ЕСМ на „тенка линија“ со стратегијата за РЕК Битола: Ќе меша високоенергетски со слаб домашен јаглен