18 Декември, 2025
0.0547

Битиќи доделил 15 милиони евра помош за инвеститори

Објавено во: Економија 13 Април, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжена за економски прашања , координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во 2020 година доделил 14,9 милиони евра за шест странски инвеститори, според годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

По предвремените парламентарни избори минатата година во јули и формирањето на новата Влада беа укинати сите министерски позиции без ресор, односно за привлекување на странски инвестиции, а таа задача ја превзеде Битиќи како нов вицепремиер за економски прашања.

Битиќи за Кромберт и Шуберт потпишал готовински грант од 5.829.267 евра за креирање на нови работни места и за оправданите инвестициски трошоци. Исто така со 5.338.985 евра биле покриени персонален данок на доход и половина од вкупниот износ на сите задолжителни социјални надоместоци и придонеси 

Дрекселмајер добил 2.027.693 евра за персонален данок на доход и за исплата на данок на добивка, за Маркарт Македонија биле одобрени 582.528 евра, ВИК Македонија добил 452.011 евра, Кранфилд Фаундри 391.634, Телемон – Европа 235.115 евра.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони  во 2020 доделила 10.924.026 евра како државна помош за Гентерм , Џојсон Сејфти Систем, Техникал Текстил, Џонсон Мети, Макдиа ДОО Илинден, ОДВ- Електрик, Аптив Сервисес, Хај Тек, Адиент Аутомотиве, Ван Хол, Џагатај, Дура Аутомотиве, Баумер, Костал, Витек ,  Мурат Виринг Системс Македонија, Гересхајмер, Адиент , Глас Флекс, Балканлар Пластик, Дура Аутомотиве Екстружонс, Дура Аутомотиве Стрекчерс и Ипротекс.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони според мерките од Законот за финансиска подршка на инвестиции пак доделила 11.647.240 евра. Според тоа, севкупната доделена државна помош за минатата година по сите основи е 37.708.766 евра.

Решенија за одобрена државна помош биле делени за нови странски инвестиции и во 2020 година и покрај пандемијата која ја зафати домашната економија. Станува збор за два одобрени договори од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во февруари за Пурпласт во Бунарџик  од минимум 1.250.000 евра и во септември со Ипротекс од најмалку 1.875.000. Владата во јули реализирала втор инвестициски проект на компанијата ВИК Алинци со договор за помош од најмалку 1.250.000 евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје