Битиќи најави поскапување на електричната енергија за третиот и четвртиот блок
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2023 11:55
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска како одговор на новинарско прашање рече дека прифатливи се сугеститите на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на субвенциите од страна на државата за плаќањето на електричната енергија од страна на државата.
Според Битиќи, тоа ќе значи дека зголемувањето на цената ќе падне на товар на поголемите корисници - односно на оние кои активно користат електрична енергија од третиот и четвртиот блок.
- Ние имавме година во која субвенционирањето на домаќинствата и малите потрошувачи која достигнуваше 80 отсто и тоа е неиздржливо за една мала земја како нашата. Годинава тоа субвенционирање е намалено за некаде 60 отсто и тоа е трендот по кој треба да се движиме.
Секако ние на препораката на ММГ за проширување на тарифните блокови ќе одговориме со проширување на третиот и најверојатно на тарифниот блок четири, со тоа што опфатот да биде поголем за тие што трошат повеќе, а за најранливите и оние кои штедат вистински да се задржо истата цена на електрична енергија, рече вицепремиерот.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




