15 Декември, 2025
0.0694

Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, примарна цел е да се вклучат невработените на пазарот

Објавено во: Економија 29 Март, 2023 11:48

Добивај вести на Viber

Долгорочно решение за недостигот на работна сила во нашава земја е преквалификација на нашите сограѓани кои живеат тука и кои со доквалификации и обуки можат да се стекнат со нови вештини и да одговорат на барањата на компаниите. Ова го посочи вицепремиерот Фатмир Битиќи при денешната посета на компанија за производство на душеци во Гостивар. 

- Ние имаме сограѓани кои се невработени, и примарна цел е да се направат способни да се вработат, и токму компании како Алмеро кои се спремни да се вклучат во процесот на дуално образование, во преквалификации и доквалификации на работната сила е клучот за проблемот со кој се соочуваме, а тоа е неодстиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други решенија, како увоз на работна сила, не се трајни решенија, туку долгорочно решение е нашите сограѓани кои сакаат тука да живеат и да работат, да се стекнат со вештини, преку квалификации и доквалификации да се вклучат во работните процеси - посочи Битиќи

Воедно вицепремиерот посочи дека Владата издвојува финансиска поддршка за компанијата Алмеро, од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за циклус од пет години, која започнал во 2021 година и ќе заврши во 2025 година. 

- Инвестицискиот циклус кој го планира компанијата достигнува скоро 5,6 милиони евра, а финансисакта поддршка согласно законот достигнува 33 отсто од вредноста и таа се доделува етапно, зависно како се реализираат инвестициите. Минатата година беа исплатени кон компанијата околу 70 илјади евра, за инвестиции направени 2021 година. И таа ќе проидолжи и годинава зависно од направените инвестиции. Инаку компанијата лани започна објект од 13 илјади квадратни метри, нов производствен капацитет и таму ќе бидат вработени нови 300 кандидати и секако ќе ги поддржиме - кажа Битиќи и дополни дека ова е комапнија која како и другите за кои се издвојува финансиска поддршка е во помалку развиентие плански региони во Македонија. Нагласи дека над 70 проценти од поддржаните компании минатата година биле надвор од најразивениот Скопскиот плански регион, и цел потикнување рамномерниот регионален развој.

Фото: Принтскрин/Фејсбук 

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети