09 Јуни, 2023
0.0256

Битиќи: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата

Објавено во: Економија 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата, додека 2024-та, ќе биде година на економско закрепнување со позитивен економски тренд, изјави  заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Што мисли народот“, која се емитува на ТВ Стар - Штип.

Вицепремиерот Битиќи рече дека во Европа каде што ние припаѓаме, поточно во земјите на Европска Унија (ЕУ) и земјите аспиранти, заклучокот е еден, дека добро се справивме со енергетската, и економската криза и дека тоа ќе има ефект во намалување на инфлацијата, не само кај нас туке секаде во Европа.

„Инфлацијата кај нас е увезена, затоа што побургу закрепнат економиите во земјите членки на ЕУ толку бргу и ние ќе закрепнеме. Нашето предвидување е дека оваа година ќе ја преполовиме инфлацијата од таа што ја имавме минатата година, и ако не се случат големи непредвидливи случувања со војната во Украина, оваа година ќе имаме закрепнување, додека предвидувањата за 2024 година се дека сите економии, особено тие со кои сме увозно и извозно зависни ќе закрепнат, вклучително и нашата“, изјави Битиќи и додаде дека политичките привирања во земјава, особено тие за дневно политички поени, го спречуваат побрзото закрепнување на нашата економија.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на актуелните теми од економијата, особено на последните замрзнувања на цените, за кои рече дека се мерки со кои државата го штити граѓанинот од општествената неодговорност на некои економски чинители.

Вицепремиерот рече дека краткорочниот ефект на замрзнувањето на цените е да им помогнеме на граќаните да не бидат оставени сами носејќи го најголемиот товар од зголемувањето на цените, особено после субвенционирањето на компаниите, кои и покрај добиените народни пари сепак ги покачија цените на основните продукти.

Во интервјуто вицепремиерот Битиќи говореше и за енергетската криза, за која рече дека ја надминавме преку еден сериозен пристап на Владата, која ги демантираше апокалиптичните најави дека ќе имаме енергетски колапс, но се осврна и на ред други актуелни теми, како што е увозот на работна сила, покачувањето на минималната плата и на пензиите и реформите во Јавниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ПОНИСКИ ПОРАМНИТЕЛНИ ФАКТУРИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ - топлото време не куртули од скапото парно

ПОНИСКИ ПОРАМНИТЕЛНИ ФАКТУРИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ - топлото време не куртули од скапото парно

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е САМО МАМКА ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Земјата добива нова „пониска класа“?

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА Е САМО МАМКА ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Земјата добива нова „пониска класа“?

ПОЗНАТ ГЕРМАНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИР УКИНУВА РАБОТНИ МЕСТА - еве кои се причините

ПОЗНАТ ГЕРМАНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИР УКИНУВА РАБОТНИ МЕСТА - еве кои се причините

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА:Чувајте се од руски шпиони

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА:Чувајте се од руски шпиони

ШТО СЛЕДУВА? Дали Еврозоната оди во рецесија?

ШТО СЛЕДУВА? Дали Еврозоната оди во рецесија?

Владата наплатила 16,3 милиони евра од 5Г-мрежата

Владата наплатила 16,3 милиони евра од 5Г-мрежата