24 Ноември, 2024
0.0512

Битката за превласт врз македонските шини, се префрли во Брисел!

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Владината одлука со која се забранува на македонските пруги освен државната МЖ Транспорт превоз да вршат и приватни компании, доби сериозни критики од Европската Комисија во најновиот извештај. Брисел сугерира дека ваквиот потег значи уназадување од веќе постигнатото усогласување со Европските директиви. Имено, Владата неодамна го измени законот и одлучи, се до влезот на земјава во ЕУ, државната компанија МЖ Транспорт да има монопол над македонските пруги. Приватните компании заинтересирани да вршат превоз на македонските пруги, сметаат  дека, Владата сепак би требало малку подобро да ги разгледа импликациите по целото стопанство од одлуката да забрани влез на приватни оператори во железничкиот систем. „Очигледна е констатацијата на ЕУ дека економијата неможе да оствари напредок без либерализација на железничкиот пазар и нудење на поевтини услуги во однос на друмскиот превоз. Се додека нема конкуренција во железничкиот систем, се дотогаш друмскиот превоз ќе биде многу поконкурентен во однос на железничкиот“,  велат од Локо Транс. Сепак, додаваат дека и покрај вакавата одлука на Владата тие како компанија нема да се  повлечат од Македонија бидејќи сепак ја очекуваат, законската легислатива. Додаваат и дека ставот на ЕУ по прашањето на затворање на пазарот за приватните оператори беше очекуван. „ЕУ со ваквата констатација испрати многу јасна порака дека Македонија назадувала во делот на железницата, односно веќе ускладени закони со ЕУ легислативата ги суспендира“, велат од Локо Транс . Јанакиески не отстапува: по шините ќе вози само македонска компанија! Со ваквата одлука на Владата не се согласуваше ниту државната компанија МЖ Инфраструктура, која доколку се дозволи влез на други оператори на пругите за тоа би добивала екстра пари бидејќи ќе наплаќа за користењето на пругите и со тоа ќе си ја подобри влошената финансиска состојба, констатација која ја посочуваат и од Брисел.  И покрај забелешките од Брисел, во Министерството за транспорт не отстапуваат од одлуката.  Според нив доколку во оваа ситуација на техничко – технолошка застареност на железничкатакомпанија во Македонија биде овозможено влез на други оператори кои се на многу повисоко техничко, технолошко и финансиско ниво тогаш околу 1000 вработени вомакедонските железници ќе останат без работа. „Намалувањето на бројот на вработени ќе се јави од проста причина што доколку се дозволи влез на други оператори според анализите тие се заинтересирани да ги возат само најисплатливите траси по должина на Коридорот Х“ , вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според него, со тоа, тие не би можеле да влијаат на зголемување на превозот и да донесат нови превози од проста причина што најголемиот превоз доаѓа преку двете соседни земји Грција и Србија каде ситуацијата ќе остане непроменета. А, со оглед на малата должина на пруга која стоките ја поминуваат по целата должина на Коридорот Х, тогаш во никој случај не се очекува некакво значајно подобрување на квалитетот и цените кои би се нуделе доколку пазарот биде либерализиран. „Според нашите анализи  евентуално новите оператори не би го зголемиле „колачот на железничкиот превоз“ туку само ќе има повеќе страни на кои треба истиот да се дели “, вели Јанакиески. Како илустрација тој објаснува дека влез на еден оператор кој би вработил 20 лица би предизвикал намалување од околу 30% од приходите само на операторот, што би значело околу 8 милиони евра помалку на годишно ниво и околу 500 вработени помалку само кај железничкиот оператор. Како дополнителен аргумент на ваквата одлука од министерството за транспорт ја наведуваат и дека сите земји од регионот, па и поголемиот број на земји во ЕУ,  пристапот на други оператори на сопствената мрежа го овозможиле после влегувањето  во ЕУ, со посебен аспект на Грција која е членка на ЕУ од 1981 година, но на тој пазар железничките услуги се уште не се либерализирани. Н.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“