05 Декември, 2025
0.1699

Биткоинот и официјално стана валута

Објавено во: Анализа 01 Јули, 2014 09:17

Добивај вести на Viber

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун го одобри нацрт-законот за алтернативните валути, вклучувајќи го и биткоинот, кои ќе станат легални во државата. Предлог-законот ја укинува претходната одредба, која забрануваше употребата на "сето друго, освен законските пари на САД". Авторите на измените ја опишаа претходната регулаторна рамка како "застарена", која го попречува растот на калифорнискиот "пазар на иновативни порамнувања". "Овој закон прави јасни промени во постојниот закон за да се осигура дека различните форми на алтернативни валути, како што се дигитални валути, точки, купони или други објекти на парична вредност, не го кршат законот, кога овие методи се користат за купување на стоки и услуги ", се наведува во предлог-законот. Иако аргументацијата на промените се фокусира на биткоинот, таа исто така содржи и поширок список со дигитални валути кои различните трговци ги користат за плаќања со своите клиенти. "Во ерата на развивање методи за плаќање, од Amazon Coins до Starbucks Stars, не е практично да се игнорира зголемената употреба на паричните алтернативи", посочи претставникот на Демократската партија Роџер Дикинсон, кој е автор на законот. Истовремено цената на биткоинот повторно најде силна поддршка, зголемувајки си ја вредноста над границата од 600 долари за кеш. Својот историски врв го имаше во ноември минатата година, кога беа надминати 1 200 долари. Во почетокот на 2013 година, пак, еден број од криптовалутата се менуваше за скромни 13 долари. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени