Добивај вести на Viber
Инвеститорот на игри за социјални мрежи Zynga објави дека започнува пробно прифаќање на плаќања со биткоини преку системот BitPay. Одот отвора можност за пораст на тримесечните приходи со околу 200 милиони долари, пишува CoinDesk.
"Пробните исплати преку биткоини се достапни само за корисниците кои играат FarmVille 2, CastleVille, ChefVille, CoasterVille, Hidden Chronicles, Hidden Shadows и CityVille", прецизираа од компанијата на својот официјален сајт.
Од Zynga истакнаа дека секогаш работат за подобрување на условите за клиентите преку фидбек. Ако пробната опција на BitPay постигне успех, компанијата ќе го прошири проектот за плаќање преку дигигалната валута.
Zynga е меѓу новата генерација на компании фокусирани на друштвени игри. Нејзините апликации уживаат широка популарност во социјалните мрежи, вклучувајќи го и Facebook, каде ги стимулираат потрошувачите да се натпреваруваат меѓу себе и да соработуваат со своите пријатели.