Битола продаде уште 7 парцели во индустриската зона Жабени
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2013 14:44
Седум нови парцели за изградба на стопански објекти во индустриската зона Жабени се веќе продадени, информираше градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој додаде дека општината продавала и градежно земјиште во градот за изградба на згради и куќи.
„Во индустриската зона Жабени продадени се седум парцели за стопанство со што вкупно досега се продадени 49 парцели во таа зона. Во текот на вчерашниот ден во населбата „Ушици“ се продадоа 3 парцели за индивидуално домување со што бројот на вкупно продадените парцели сега е 25, додека бројот на вкупно продадените парцели за домување во поранешната касарна е 85“, соопшти градоначалникот. На подрачјето на општина Битола, односно во поранешната касарна, во индустриската зона „Жабени“ и на граничниот премин Меџитлија продадени се 4 парцели за изградба на хотели, додека пак во непосредна близина на хотелот „Битола“ во овој град, во текот на вчерашниот ден по извршеното јавно наддавање продадена е парцела за изградба на станбен комплекс, односно колективно домување. Парцелите за индивидуално домување постигнале цени од 577 до 3.400 денари за метар квадратен, додека парцелата за колективно домување била продадена по цена од 4.160 денари за квадрат. Правилата за градба и користење на општинските бенефиции им наложуваат на инвеститорите во рок од 9 месеци да ја завршат процедурата за добивање дозвола за градба, а во рок од 6 години да го завршат и пуштат во употреба својот објект, појасни Талески.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





