Битолски „Водовод“ купи струја за 84,5 евра поевтино од таа што ја плаќа ЕСМ
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2021 08:36
Битолски „Водовод“ од почеток на ноември плаќа по 127 евра за мегаватчас, а државниот производител на струја, на последниот тендер, купи струја по просечна цена од 211,5 евра за мегаватчас
Битолското јавно комунално претпријатие „Водовод“ ќе плати 127 евра за еден мегават час струја во периодот од први ноември годинава до 30 април вгодина. Електричната енергија е набавена од компанијата за снабдување „Солар Про Холдинг“. За оваа набавка битолското јавно претријатие од својот буџет ќе плати вкупно 438.150 евра. Со тие пари ќе бидат набавени вкупно 3.540 мегаватчасови електрична енергија.
Останува да видиме дали оваа набавка ќе ја зголеми цената на водата што ја плаќаат битолчани затоа што оваа цена е повисока од претходната цена за речиси 100 отсто. Според достапни податоци од Бирото за јавни набавки од објавен тендер за 2019 година, ова јавно претпријатие набавило струја по цена од 67 евра за мегаатчас податоци достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/074181e0-6428-424e-ad1e-3ddcd6041f60
Како и да е битолското јавно претпријатие купи струја по цена поевтина од државното претпријатие за производство на електрична енергија ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ.
На последниот тендер на ЕСМ за период од 7 до 20 ноември оваа компанија набави 26.000 мегаватчасови електрична енергија за цена од 5,5 милиони евра. Цената (просечна) што на ЕСМ ќе му ја наплати добавувачот „Данске комодитис“ и во многу помала мерка ТЕТО е 211,5 евра за еден мегаватчас.
Тоа е за 84,5 евра поскапо од цената што ќе ја плати битолски „Водовод“. Иако ЕСМ е неспоредливо поголем набавувач, (а логично е за поголем набавувач да е поевтина) разликата во цена е резултат токму на волатилноста на цените на регионалните берзи за струја.
Со последниот тендер ЕСМ купи енергија за две недели која е доволна да замени производство од само половина од инсталираниот производен капацитет на еден блок во РЕК Битола.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




