Бизнис Е-пакетите од УНИБанка обезбедуваат значајни заштеди за компаниите преку СЕПА системот!
Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2025 09:26
Во услови на сè поголеми барања за ефикасност и оптимизација на трошоците, УНИБанка им нуди на компаниите практично и современо решение – Бизнис Е-пакети.
Со избор на еден од БизнисЕ-пакетите, правните лица добиваат комплетна банкарска услуга која опфаќа одржување на сметка и електронско банкарство, како и трансакции со деловни партнери во земјата и странство. Со само една цена и на едно место, пакетите ги покриваат сите банкарски потреби и компаниите не мора да се грижат за поединечни трошоци за секоја трансакција.
Изборот на соодветен Бизнис Е-пакет од УНИБанка ви овозможува значителни заштеди – како на време, така и на средства. Во зависност од пакетот, на годишно ниво заштедите започнуваат од најмалку 17.000 денари, а можат да бидат и значително поголеми, во согласност со обемот на трансакции и видот на банкарски услуги што ги користите.
Дополнителна вредност за компаниите носи и приклучувањето на УНИБанка кон СЕПА, со што се овозможуваат пониски надоместоци и побрзи трансакции кон европските земји, што е особено важно за бизнисите со меѓународно работење.
Во понудата се вклучени различни пакети, чија месечна претплата започнува од само 690 денари, а кои одговараат на потребите на:
- Претприемачи, стартапи и мали компании со умерен обем на трансакции,
- Компании со поголем број дневни трансакции. Тие ќе ја препознаат вредноста на е-пакетот кој вклучува КИБС и МИПС трансакции во месечната претплата,
- Компании кои соработуваат со странски партнери, остваруваат девизни приливи и вршат девизни плаќања. За ваквиот профил на компании достапни се БизнисЕ-пакети кои обезбедуваат неограничени девизни приливи, различен обем на девизни одливи, со вклучени СЕПА трансфери, како и зголемен број на КИБС и МИПС трансакции.
Е-пакетите се дизајнирани да одговорат на различните потреби на бизнисите според нивниот обем на работа и тип на операции. Дигитално се достапни, без потреба од физичка посета на експозитура.
УНИБанка со креирањето на овие Бизнис Е-пакети уште еднаш потврдува дека е современа европска банка, партнер на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој и која има капацитет да одговори на сите барања и потреби на своите клиенти.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





