Бизнис средба меѓу компании од Македонија и Турција
Објавено во: Економија 08 Април, 2013 14:24
Размена на информации, меѓусебно запознавање и преземање конкретни чекори за реализирање на активности од заеднички интерес беа цел на денешната втора бизнис средба во Скопје меѓу претставници на компании од Македонија и од Турција.
На бизнис средбата, организирана од Стопанската комора на северозападна Македонија во соработка со турската компанија „Трејдтурк“, стопанствениците од двете земји преку непосредни контакти разменуваа искуства и ги согледуваа можностите за заедничка соработка. На средбата присуствуваа и претставници на компании од јужна Србија, Косово и Албанија.
- Целта на денешната бизнис средба е компанииите од Турција да се запознаат со бизнисите во Македонија, јужна Србија, Косово и Албанија. Во наредните четири дена тие ќе разменуваат искуства и ќе ја продлабочуваат соработката со постоечките соработници, но ќе ги разгледаат и можностите за отворање претставништва во Македонија и за заедничко вложување во бизиниси, особено во северозападна Македонија, изјави претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи пред почетокот на бизнис средбата.
Тој посочи дека инфраструктурата е суштинскиот проблем за развој на соработката со Турција и земјите од регионот, но додаде дека проблем предизвикуваат и недоречените закони, како и законите од поранешна Југославија, на кои, како што рече, некогаш се повикува Македонија, а кои претставуваат пречка за слободната размена на луѓе и стока.
- Сепак има наши иселеници во Турција кои се реашаваат да дојдат тука за заеднички да инвестираме и на тој начин да го унапредиме нашето стопанство најпрво регионално, а потоа и глобално, рече Кучи.
- Доаѓаме од еден период што беше со надолна линија на развојот на економијата. Во моментов има некои позитивни бројки што не охрабуваат, но сепак нашите изјави дека не не очекуваат добри времиња се познати. Токму заради тоа гледаме да создадеме што повеќе можности за соработка и на тој начин да се пребродат овие кризни моменти, додаде Кучи.
Посочи дека за многу инвеститори кризните времиња се моментите кога се одлучуваат да вложуваат, а потоа, нагласи, заработуваат зашто ќе бидат етаблирани на овие простори по надминувањето на кризата.
Пред почетокот на бизнис средбата Стопанската комора на Северо-западна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за развој на општините Бујановац и Прешево од Србија, чија цел е зголемување на меѓусебната соработка и отстранување на бариерите за развој на бизнисите меѓу двете страни.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




