19 Декември, 2025
0.0373

Бизнис заедницата: Македонија има недостиг на квалификувана работна сила

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 12:56

Добивај вести на Viber

Македонија има недостик од стручна кавалификувана работна сила, ова е повторно апелот на бизнис-заедницата и покрај големата понуда на пазарот на трудот. Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, разрешувањето на овој проблем, што посебно ќе се изостри по четири до пет години, откако ќе заминат постарите кадри, треба да почне веднаш, не смее да се пролонгира. Анакетата на Стопанска комора која била спроведена во 150 фирми покажала дека постои голем процент на недостиг на знаење и вештини кои се клучните проблеми со кои се соочуваат компаниите кога треба да ангажираат соодветни работници. Оттука и потребата за дополнително образование, оспособување, усовршување, доквалификација и преквалификација. - Анкетата почна пред три недели и се уште трае. Во наредните 20 дена се очекуваат информации од градежништвото, текстилната индустрија, дрвнопеработувачката и други по што ќе се направи целосен извештај за состојбата со квалификуваната работна сила во земјава, рече Стојмирка Тасевска од Комората. Најдефицитарна струка во металопреработувачката и електроиндустријата е заварувач од сите типови, а причината за неможноста да се обезбеди ваков кадар, навеле компаниите, меѓу другото е и недостатокот на работно искуство. Ретко се наоѓаат и бравари, монтери, одржувачи на водоинсталации, оператори на тешка градежна механизација и на кранови, металостругари. Во делот на високото образование недостигаат машински и градежни инженери, технолози, маркетинг-менаџери, контролори на квалитет, инженери за здравје и безбедност при работа, како и тим-лидери на продажба. За  побрзо решавање на проблемот со немањето квалификуван кадар, во Македонија веќе се воведува систем на неформално образование. Целиот проект го координира Центарот за образование на возрасни кој издава лиценци на сите што ќе поднесат програми за ваков тип едукација. Стопанската комора воедно сугерира и предлага измени на формалното образование согласно потребите на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии